Реклама
Новости

Оваа девојка стана хит на социјалните мрежи откако сама си го соши матурскиот фустан и ја чинеше помалку од 1000 денари

Реклама

Оваа тинејџерка стана хит на социјалните мрежи откако сама го направи својот матурски фустан и тоа за само 15 долари.

Шами Ошун има 17 години и живее во Калифорнија. Таа својот матурски фустан од соништата го направи само еден ден пред матурската забава и ги воодушеви сите на социјалните мрежи. Причината што порано не одлучила каков фустан ќе носи е во тоа што до последен момент не знаела дали воопшто ќе оди на матурската прослава.

Маркетинг

„Немав никаква идеја како треба да изгледа мојот фустан за матурската прослава. Само се грижев дека нема да биде готов“, напиша таа. Се што и требаше беше розовиот тил кој го купи за помалку од 1000 денари и се фати за работа.

Маркетинг

„Немам поим што правам, измислувам додека работам“ напиша таа откако објави дека ги „собрала“ украсите од еден друг фустан.

„Сега работам на деколтето“ напиша таа на нејзината следна објава.

„Прво сакав нешто вакво, но сега отидов во потполно друга насока“, зборува Шами за нејзината креативност и се предомислува во последен момент.

„Возбудена сум“, напиша таа откако фустанот беше при крај.

„И ова е мојот фустан, го направив за помалку од 1000 денари и од еден стар фустан“, се пофали Шами конечно со крајниот резултат.

„Мислам дека вкупно ми требаше околу пет часа работа бидејќи машината за шиење во еден момент ми се расипа, па морав рачно да шијам, напиша таа. Целиот процес на дизајнирање и шиење на фустанот Шами го објави на својот Твитер профил (кој можете да го видите тука), а твитерашите будно го следеа секој нејзин чекор.

И беа воодушевени.

„Неверојатно“, „Кралица си“, „Импресивно, преубаво, тренди и секси“, беа само дел од коментарите за креативноста на оваа девојка.

Шами инаку во слободното време за занимава со дизајнирање и вели дека позитивните коментари ја охрабриле посериозно да почне да го развива својот бренд за облека.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button