Реклама
Интервју

МАШКО ТЕЛО за НАСЛОВНА страна: Фитнес-тренерот ТРБОГАЗОВ одобрува ПИЦА, БУРГЕРИ и ПАЛАЧИНКИ, но под еден услов!

На Скопје му недостасува повеќе Насмевка и поквалитетен ноќен живот, вели тернерот за ГЛАМУР.МК

Реклама

Постојат луѓе кога штом дојде летото сфаќаат дека имаат вишок килограми и посакуваат да им исчезнат со магично стапче, но тоа не e возможно. За да се постигнат некакви резултати  потребно e време, но и дисциплина.

фото /Инстаграм

Тој е еден од најатрактивните мажи во Македонија. Има тело од милион долари. Фитнес-тренерот, наставник по физичко образование и сoпственик на клубот „Мој теренер“ , Даниел Трбогазов, е секогаш расположен за совети и препораки околку тоа како да изгледаме подобро, но и како да водиме поздрав живот.

Во екот на летото поразговаравме со Трбогазов околку вежбањето, исхраната, но го прашавме и по некое лично прашање за да се запознаеме подобро со него.

Маркетинг
фото/Фејсбук

Што им препорачувате на оние кои треба да симнат килограми во 90. минута?Сакаат да изгледаат фит летово, а веќе доцнат со вежбање…

Кога станува збор за губење на телесна тежина, е важно да се знае дека брзото губење на килограми не e  ниту здраво ниту реалистично и не се препорачува. Препорачувам постепено и стабилно губење на тежина, што вклучува комбинација од здрава исхрана и редовна физичка активност и избегнување на не соодветни диети.

 Какво мислење имате за вежбачите кои вежбаат само за изглед во лето , а потоа се олабавуваат?

Мојот став е дека фокусирањето исклучиво на изгледот во летниот период, а потоа занемарување на вежбањето не е посебно корисно ни за физичкото ни за психичкото здравје. Затоа, е потребно да се едуцираме и надоградува. Да научиме дека физичката активност е фундаментална за нашето постоење и нашето севкупно, физичко, психичко и социјално здравје.

Маркетинг
фото/Фејсбук

Вежбањето во лето се разликува од вежбањето во зима на неколку начини поради климатските услови и потребите на телото. Во летниот период е потребна поголема хидратација за разлика од зимата,   исто така во лето поради поголемите температури , апетитот и енергијата се намалуваат. Во летото, може да се носи лесна и комотна облека која овозможува добра циркулација на воздухот и испарување на потот. Во зимата, пак, потребна е поголема заштита од ладниот воздух, па може да биде потребно да се облечете во повеќе слоеви на облека, како и да носите капа, шал и рачници за изолација, вели Трбогазов.

Независно од сезоната важно  е да се пази на безбедноста и здравјето при вежбањето. Пред да започнете со било каква активност, консултирајте се со лекар или фитнес стручњак,  нагласува нашиот соговорник.

 

Кој вежба повеќе мажите или жените?

Не можам да ви додадам точна статистика на ова прашање, но од мое досегашно искуство можам да ги пофалам и двата пола и да кажам дека во последната декада во Македонија драстично се зголеми бројот на љубители на фитнесот и кај двата пола.

Од кога се занимавате со спорт?

Спортист сум од мојата 7-ма година. Во текот на мојт живот сум константно физички активен изучувајќи многу спортови и вештини. Со фитнес се бавам од мојата 16-та година, веќе вежбам цели 20 години фитнес и планирам да продолжам се до крајот на мојот живот.

фото/Фејсбук

 

Како изгледа еден ваш ден, раскажете ни како се однесувате, дали сте беспрекорно дициплинирани од утро до вечер?

Дисциплината е клучната човекова особина која не носи кон успех. Јас лично Тренирам 3 пати во неделата фитнес и еднаш неделно уживам во прошетка во природа. Исхрана ја синхронизиран секогаш со мојата цел. Што значи не секогаш сум престрог према себе со интензитетот на вежбање и ригорозната исхрана.

Дали правите грешки во однос на исхраната или нешто слично што би ви наштетило на здравиот живот и како реагирате тогаш дали се казнувате со на пр. поголема серија и сл.? 😊

Се е баланс, допуштањето на комплексен оброк е задолжителен и не би го нарекол нездрав оброк.Најчесто етикетирање, пиците, бургерите и палачинките како нездрави оброци и при нивно консумирање се осудуваме дека сме направиле грешка.Но ако имаме добро балансирана исхрана, слободно можеме еднаш до двапати да си допуштиме да уживаме во исхраната и тоа воопшто не треба да не плаши и да ни создава грижа на совест.

фото/Фејсбук

Која ви е омилена храна?Дали готвите?

Пица, љубител сум на пица и секогаш кога ќе си ја дозволам уживам максимално, во просек пица јадам еднаш до двапати во месецот. Но во периоди кога имам поставено некаква цел и сум на диета ,тогаш пицата не едел од моето мени. Готвам, но не често поради немањето многу слободно време.

 Кој ви е омилен пијалок?

Минерална вода.

Што правите во слободно време? Имате ли хоби?

Во слободно време возам SUP даска или уживам во добро друштво со пријателите на пикник во планина.
Една од моите пасии и хоби е фотографијата, во слободно време сакам да фотографирам.

фото/Фејсбук

Што ве прави среќен?

Уживање во атмосвера на Зајдисонце заедно со пријателите

 Каква музика слушате?

Зависи од расположението. Растев со Хип Хоп Културата, но сепак знам да уживам и во Џез музика.

Што е она што најмногу го сакате во Скопје?

Дефинитивно Планината Водно, е она што ме поврзува со Скопје. Питома Планина која е блиска и достапна за рекреација во било кое време.

фото /Инстаграм

Што му недостасува на Скопје?

На Скопје му недостасува повеќе Насмевка и поквалитетен ноќен живот.

 Како би го опишале вашиот стил на облекување?

Со еден збор “СПОРТСКИ” со уште еден збор “УДОБЕН”😁

 Какви планови имате за лето 2023?

Како и секое лето, авантура која вклучува многу, планини, рели, водопади ,кањони, кампување и секако море.

фото/Фејсбук
фото /Инстаграм
фото/Фејсбук
фото /Инстаграм

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button