Рецепти

Маршалови шницли – предлог за главно јадење на новогодишната ноќ

Реклама
Реклама

Доколку немате идеја што да подготвите за новогодишната трпеза, денес ви предложуваме еден рецепт кој ќе ги задоволи вашите гости.

1 vechera

Доколку немате идеја што да подготвите за новогодишната трпеза, денес ви предложуваме еден рецепт кој ќе ги задоволи вашите гости. Количината можете да ја зголемувате во зависност од присутните.

Маркетинг

Главно јадење: Маршалови шницли

Потребни состојки:

– 700 грама телешки шницли

Маркетинг

– 500 грама свежи шампињони

– 180 грама путер

– половина чаша брашно

– 1 лимон

– мелен бибер

– 150 милилитри бело вино

– 60 милилитри коњак

– 1 кесичка прашок за инстант пире

– 200 милилитри млеко

– масло

– сол

Начин на подготовка:

Растопете путер во еден сад и на тивок оган пржете ги исечените шампињони. Ставете сол и бибер по вкус, па додајте малку бело вино. Подгответе ги шницлите така што ќе ги засечете на 2-3 места и ставете им брашно. Пржете ги во сад со загреано масло и путер. Потоа извадете ги шницлите, па во истиот сад додајте го коњакот и белото вино, па вратете ги испржените шницли. На крајот додајте ги испржените шампињони. Ставете повторно бибер и сок од лимон, по ваша желба. Затворете го садот и оставете ги шницлите на оган тивко да се пржат, додека не омекнат. Во друг сад на оган ставете го млекото и преостанатиот путер. Додајте го прашокот за пире и непрекинато мешајте фодека пирето не ја добие потребната густина. На една страна во чинијата ставете го пирето, а потоа наредете ги шницлите кои ќе ги прелиете со сос од шампињони. Салатата нека биде по ваш избор.

Уживајте во магичната атмосфера!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button