Стил

Меган Маркл во црни, широки панталони ни покажа фантастично зимско издание!

Advertisement

Совршено кежуал издание на Меган Маркл

Advertisement

Познатата актерка заедно со принцот Хари на еден официјален настан се појави во совршено кежуал издание. Имено, војвотката носеше црни елегантни, широки панталони и на тој начин ја прескокна традицијата која налага носење фустани или здолништа кои што припадничките на кралскиот двор ги носат најчесто во ваквите пригоди. Но ѕвездата на серијата „The Suits“ го демонстрираше својот нов дрес-код надополнувајќи ја комбинацијата со прекрасен капут во сива нијанса и црни високи потпетици. Од модните додатоци ќе го истакнеме шалот во нијанса која потполно одговара на капутот како и трите прстени што ги носеше на интересен начин како што тоа го прават и искусните модни блогерки.

Тука е и нејзината ниска, опуштена пунџа со неколку прамени кои паѓаа на нејзиното прекрасно лице покриено со децентна шминка.

Advertisement

Сé на сé можеме слободно да кажеме дека идната принцеза совршено го заокружи целото издание и ни демонстрираше одлична зимска комбинација која одвај чекаме да ја пробаме и ние во периодот што следува.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button