Manuel Manolo Blahnik Rodrigez е шпански дизајнер познат по неговите гламурозни модели на чевли за понежниот пол. Тој е роден на 28 Ноември, 1942 година и е син на татко Чех и мајка Шпанка. Роден е на Канарските острови, а го завршува Универзитетот во Џенова и потоа студира уметности во Париз. Во 1968 година се преселува во Лондон, каде работи во бутикот Zapata и истовремено започнува да пишува за италијанскиот Vogue. Потоа тој отвара свој бутик и во 70-тите започнува да создава своја линија на женски чевли.
Денес неговите модели се продаваат во London, New York, Las Vegas, Dublin, Athens, Madrid, Istanbul, Dubai, Kuwait, Hong Kong, Seoul и Singapore. Тој ја има добиено титтлата „Командир на Британската империја“ која му е доделена во 2007 година за услугите што тој ги има направено за британската модна индустрија.
Види сѐ од Manolo Blahnik тука.