Колекциите од Манго во последно време се повеќе не воодушевуваат.
Познатиот шпански бренд направи минимална, но воочлива промена во нивната естетика и почна да произведува современи парчиња кои лесно го пронаоѓаат своето место на врвот на секоја шопинг листа, па од тука и бројот на Манго девојките е се поголем. Тоа е така како во светот така и кај нас, а денес на нашите девојки кои го обожаваат овој бренд ќе им го преставиме „Limited Edition“ изданието од нивната нова Premium колекција. И додека предзнакот Premium сам по себе означува колекција исполнета со елегантни и квалитетни парчиња, додатокот Limited Edition е уште поексклузивен. Врвни материјали, промислени кроеви, експериментирање со волуменот и нови ткаенини кои им даваат посебност на преубавите модели кои истовремено се во рамките на најновите и најпопуларните трендови за оваа сезона.
Новата Limited Edition Premium колекција содржи и неколку вечни класици како што се palazzo комбинезони, панталони со висок струк, лежерни свилени кратки панталони и килоти, потоа свилени блузи, прозрачно плетиво, преубави фустани со модерен асиметричен крој, па дури и папучи кои се еден од водечките трендови за оваа сезона.
Моделите погледнете ги на следната страна >>