Реклама
Интервју

Виена како ново искуство за македонските дизајнери

Реклама

Разговаравме со нашиот млад македонски дизајнер, Златко Јовановски во врска со неговата ревија што се одржа минатата недела во Виена во склоп на „ Balkan Emotion fashion Days“.

За овој млад македонски дизајнер посетата на овој град беше мошне инспиративна. Тој е презадоволен од луѓето и прекртасниот град, а моментите што ги доживеал таму ќе ги помни засекогаш. Како што вели тој самиот „Виена беше едно ново искуство за мене – искуство од кое научив многу“.

Маркетинг

Златко заедно со креаторките Ирина Тошева и Марија Спасеска ја претставуваа Македонија на „Balkan Emotion fashion Days“ што на 29 и 30 се одржа во Виена. Настанот имаше ВИП-отварање со ревија на специјалниот гостин од Италија, Џовани Ло Прести. Тоа е дизајнер на кој што му се воодушевуваат во целиот свет, а на Златко му претставувал вистинска инспирација од кого добил доста совети.

Маркетинг

„По отварањето имаше ВИП забава, која беше организирана во клубот на Хилтон Хотелот“, раскажува возбудено Златко кој на забавата се појави во негов впечатлив стил – лимузина и ексцетрична облека која е неговиот заштитен знак.

Инау, иницијатор на оваа манифестација е Билјана Сетиновска која две години живее и работи во Австрија, и која смета дека балканските дизајнери треба да се многу поактивни на светксата модна сцена, бидејќи нивниот квалитет и креативност дефинитивно можат да бидат рамо до рамо со светските модни дизајнери.

Покрај македонскиуте дизајнери на настанот учествуваа и Душко Орашчанин од Босна, Александра Богдановиќ, Милош Милетиќ и Милица Тричковиќ од Србија. Настанот е во организација на „„Паолос ворлд дизајн“.  “ компанија во која што работи Билјана, иницијаторот на настанот.

Интерено е и тоа што на овој настан покрај колекциите на познатите и помалку познатите дизајнери, ќе бидат претставени и јадења од националните кујни, како и музика од различни нации, танцови точки и пејачи. Во текот на секоја вечер, во рамки на настанот ќе бидат презентирани интересни работи од различни земји од Балканот преку специјални шоуа и презентации.

Инаку Златко ни го откри и тоа дека наскоро повторно ќе патува во Виена, и дека се уште е во преговори, а потоа можеби ќе патува и во Женева и Париз. И сето тоа поради неговата ексцентричност, екстравагантност и уникатност, со што тој стекна многу пријатели во овој град, а доби и интересни понуди за соработка од многу агенции кои го следеа настанот.

Автор: Амет

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button