Реклама
Наши ѕвезди

Македонската заедница во СР Германија демантира дека концертот на Каролина бил бојкотиран – „дезинформација базирана на погрешни толкувања и извртување на факти“

Реклама

Популарната пејачка Каролина Гочева на настапот во Дизелдорф, Германија, јавно се пожали дека Македонската заедница во Дизелдорф ја бојктотира, што била и причина за послаба посетеност на нејзиниот концерт. Потсетуваме дека Гочева во изминатиот период имаше концертна турнеја низ неколку германски градови.

 

View this post on Instagram

 

Маркетинг

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Маркетинг

„Пред неколку дена дознав за еден пример кој не е толку светол, а морам да го спомнам вечерва. Претпоставувам дека некои од вас ќе знаат за што ќе кажувам сега. Ова се случувало од пред неколку месеци, откако објавивме датуми за концертите низ Германија, но јас дознав пред неколку дена – добро ме чувале нашите организатори. Вечерашниот концерт бил постојано бојкотиран, се испраќале апели да не се присуствува вечерва“, вели Каролина во видеото кое се споделува на социјалните мрежи, а на реакцијата од публиката таа додава – „Не, ве молам, нема потреба од тоа. Ние тука шириме љубов, но мора да си кажеме што имаме. Притоа, бојкотот не е ни од Грци, ниту од Бугари, ниту од овие вчера што ни го газеле знамето, туку од македонско друштво од Дизелдорф. Затоа сакам да ве замолам нешто. Доколку сте утре овде и сте слободни, или ако не сте, ве молам пробајте да се ослободите и не го пропуштајте утрешниот настан, кој го организира македонското здружение, каде настапуваат моите драги колеги Зуица и Наум. И во иднина, не пропуштајте ниеден настан организиран од Македонците за Македонците, без разлика за која сфера станува збор. Малку сме и навистина е тажно да не се поддржуваме и да не се чуваме едни со други, а уште потажно и погубно, е што во еден ваков период, кога од толку многу страни сакаат да нè згазат, ние се газиме меѓу себе“ – рече Каролина во петокот од дозелдорфската сцена.

Денес, Македонската заедница од СР Германија ја демантираше изјавата на Каролина и повика на почитување на договорите за термини на здруженијата.

Демантот ви го пренесуваме во целост:

„Во последниот период, во јавноста беа изнесени невистини и лажни обвинувања дека со меморандумот на Македонската заедница во СР Германија се направил обид за бојкотирање на концертот на една македонска вокална уметничка. Сакавме јасно да нагласиме дека овие тврдења се целосно неточни и неосновани.

Меморандумот на Македонската заедница беше изготвен со цел да се информира јавноста за несогласувањата околу организацијата на настаните, кои беа планирани без соодветна координација со здруженијата и црковните општини. Никаде во меморандумот не се споменува бојкотирање или намерна штета кон кој било поединец, изведувач или настан. Напротив, се повикува на заедништво, соработка и почитување на заеднички договорените активности, со цел зачувување на националното ткиво и културното наследство.

Обвинувањето дека Македонската заедница имала намера да го бојкотира концертот е очигледна дезинформација која се базира на погрешни толкувања или можеби на намерно извртување на фактите од страна на поединци. Таквите лажни изјави го нарушуваат угледот на македонските здруженија и создаваат непотребни поделби меѓу заедницата.

Ги повикуваме сите засегнати страни да се воздржат од ширење на неточни информации и да се посветат на соработка и конструктивен дијалог во иднина. Нашата цел е и останува да ја зајакнеме македонската заедница во Германија преку промоција на културни вредности, единство и меѓусебна поддршка.
Со почит, Македонска заедница во СР Германија“, пишува во демантот, со кој следува и приложениот меморандум.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button