Огласи
Наши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда ќе прави свадба – момчето е таксано, ќе ја земе од домот на родителите

Наскоро ќе почнат да живеат заедно

advertisement
advert

Мелиса Зијадиќ заради својот талент, но и изглед, во „Ѕвездите на Гранд“ ја нарекуваат македонската Драгана Мирковиќ.

Таа во претходната сезона беше најмладата во финалето и беше една од најдобрите освојувајќи го високото петто место, истата сезона кога Мики Секуловски го освои второто место, а Андријана Петрушовска третото, додека победничка беше Шејла Зониќ.

По завршувањето на популарното шоу Мелиса ги изненади сите со уште една убава вест, но овој пат од нејзиниот приватен живот.

реклама

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

Имено, таа во текот на летото на социјалните мрежи сподели фотографии од веридбата со својот избраник Ајдин кој често беше и во бексјтејцот да ја поддржува својата сакана во шоуто.

Марpкетинг
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

Таа сега се огласи и за „Гранд“ откри дека подготвува нова песна, но и дека наскоро ќе започне да живее со својот вереник.

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Што се однесува до свадбата, таа не сакаше да открива детали, а како изгледаше на веридбара, погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

„На мене ми е супер и јас сум среќна со Ајдин, а за некои месец дена ќе почнеме да живееме заедно. Ќе дојде да ме земе“, истакна Мелиса за Гранд, но не сакаше да откри дали тогаш ќе се случи свадбата.

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Потсетуваме, Мелиса Зијадиќ има 18 години и потекнува од прилепското село Лажани, а додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ беше во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Таа со својот неприкосновен талент, но и скромност никого не остави рамнодушен за време на шоуто, а заради својата харизма и изглед, многумина ја нарекуваа македонската Драгана Мирковиќ.

epp

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

Додека се натпреваруваше често избираше тежок репертоар, но секогаш кога ќе запееше, веднаш ги освојуваше симпатиите на сите.

Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ

На крај таа се пласираше во финалето и тоа како најмлада учесничка, а потоа успеа да го освои и петто место.

Како изгледше еден од нејзините најдобри настапи во „Ѕвездите на Гранд“, потсетете се во продолжение…

epp2

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button