Македонка победи на еден од најголемите натпревари од областа на компјутерски мрежи
Големо БРАВО за оваа девојка!
Од над 100 пријавени кандидати Македонката Стефани Радевска го освои првото место на натпреварот CISCO NetRiders во категорија CCNA, за регионот Европа, Русија и ЦИС. Ова е најголемиот натпревар во областа на компјутерски мрежи, а ова е прв пат натпреварувач од нашата земја да го освои првото место на овој престижен компјутерски натпревар. Наградата што ја освојуваат најдобрите двајца кандидати е еднонеделно студиско патување во седиштето на Cisco во Сан Хозе, Калифорнија и бесплатен сертификациски испит. „Со посетување на CCNA обуката на „Сеавус едукативен и развоен центар“ (СЕДЦ) добив неколку одлични можности. Започнав кариера во „Сеавус групација“ и добив можност да бидам дел од елитниот натпревар на CISCO – NetRiders, каде што стекнатото знаење од мојот ментор Марија Феро ми помогна да го постигнам овој резултат и успех. Овој натпревар беше навистина едно големо и интересно искуство и со нетрпение чекам да го посетам седиштето на Cisco во Сан Хозе, Калифорнија“, вели Стефани Радевска.