Uncategorized

Почивај во мир Гоце: Македонија загуби голем човек

Advertisement

In memoriam: Гоце Стефковски – Крапе (1955 – 2025. По кратко боледување, на 70-годишна возраст, згасна едно големо македонско срце. Гоце Стефковски – Крапе, еден од тројцата основачи и прв претседател на Илинденскиот марш 1978 од Горно Лисиче до Крушево, човекот што даде насока, патоказ и душа на Илинденската епопеја, го заврши својот земен пат, но неговото дело останува врежано во меморијата на генерациите.

Патриот, визионер, борец за обединета Македонија во обединета Европа, Гоце не само што ја започна традицијата на маршот, туку и ги водеше илјадниците млади и стари по патеките на Илинден, потсетувајќи ги дека слободата и државноста не се даденост, туку завет што се чува со срце и дело.

Advertisement

Дванаесет години претседаваше со црковниот одбор при црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, каде беше столб и потпора на заедницата. Поранешен член на Централниот комитет на ВМРО, политички прогонуван, но никогаш покорен, Гоце остави зад себе пример, вера и следбеници.

Неговото дело не завршува денес. Тоа ќе продолжи со секој чекор на Илинденскиот марш, со секоја молитва во црквата што ја љубеше, и со секој млад човек што ќе го носи Илинден во срцето.

Advertisement

Погребот ќе се одржи утре, 27 мај, на гробиштата во Горно Лисиче во 13 часот.

Вечна ти слава, Гоце. Македонија не заборава.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button