Вести

MAKПЕТРОЛ вработува – Основна плата 40.500 денари!

Advertisement

Макпетрол АД отсекогаш бил предводник во примената на новитетите во погонските горива, во унапредувањето на квалитетот на своите производи, како и во воведувањето на алтернативни погонски горива кои придонесуваат за поголема заштита на животната средина.

На тој начин, во сите овие години ние успеваме да ја задржиме лидерската позиција во дистрибуцијата и прометот со нафтени деривати во Република Македонија.

Advertisement

Преку нашата современа лабораторија, која што работи според најстроги светски стандарди, ние обезбедуваме постојаност на квалитетот на нашите горива, исто како и преку редовната контрола и врвната техничка изведба на инфраструктурата на нашите бензински станици.

Во 2008 година ја отворивме и фабриката за биодизел гориво со годишен капацитет од 20.000 тони, со што уште еднаш укажавме на нашата посветеност во примената на обновливи извори на енергија.

Advertisement

Сите услуги ги реализираме преку нашите, близу 1.900 работници, во сите оперативни подрачја на нашата компанија, почнувајќи од прометот и дистрибуцијата на нафта и нафтени производи како наша основна дејност, преку нашите стручни лица во бројните застапништва на светските марки, па сé до услужниот персонал во нашите ресторани, кафулиња и маркети во кругот на бензинските станици.

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. – Скопје распишува

О Г Л А С

За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци, на работно место виш стручен соработник во Сектор за сметководство во Дирекција за финансии.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

Завршено високо стручно образование – Економски факултет;
Работно искуство од 3 години;
Уверение за сметководител/овластен сметководител од ИСОС;

Напредно познавање на Microsoft Office (Excel, Power Point, Word), особено Excel;
Познавање на меѓународни сметководствени стандарди и даночна регулатива;
Генерално познавање на нафтената индустрија;

Брзо учење и адаптација;
Аналитички способности и структурен пристап.
Работното време за горенаведеното работно место е од 8 до 16 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.

Основната нето плата за горенаведеното работно место изнесува 40.500 денари.
Работата во смени, ноќната работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа, се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

• Писмо за мотивација;
• Кратка биографија;
• Копија од диплома за завршено образование;

• Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
• Препорака од претходен работодавач;​
• Уверение од кривична евиденција.

Потребните документи да се достават на адреса:

„Макпетрол“ А.Д. – Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје

лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. – СКОПЈЕ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button