Ова е идеален намаз за време на пост, но е и одличен додаток во посна рурска салата и слично.
Ова е идеален намаз за време на пост, но е и одличен додаток во посна рурска салата и слично.
Потребни состојки:
– 6 лажици густин
– 24 лажици вода
– 3 лажици сенф
– 9 лажици масло
– сок од половина лимон
– бибер и сол по вкус
Начин на подготовка:
Густинот добро измешајте го со 24 лажици вода така што нема да има грутки во смесата. Потоа ставете ја на оган додека не се згусти. Кога ќе се излади смесата, мешајте со миксер и не прекинувајте, па додадете најпрво 3 лажици сенф, а потоа една по една лажица додавајте го и маслото, па на крајот сокот од лимон. Матете додека не добиете густа смеса. По вкус, додадете сол и бибер. Оставете да стои на ладно, најмалку еден час пред да го служите или пак да го користите за припрема на други јадења.