Реклама
Рецепти

Пченкарни мафини со боровинки

Реклама

Едноставни и вкусни, направете ги еднаш и потоа постојано ќе ги повторувате!

Маркетинг

Потребни состојки:

1,5 шолја брашно
3/4 шолја пченкарно брашно
1/2 шолја шеќер
2 лажички изрендана кора од портокал
1,5 шолја млеко
2 јајца
2 лажици растопен путер
1,5 шолја боровинки, исчистени и измиени
1 прашок за пециво

Малку цимет, малку цол

Маркетинг

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200C. Во соодветен сад измешајте го брашното, пченкарното брашно, шеќерот, прашокот за пециво, малку цимет, сол и кората од портокал. Во друг сад изматете го млекото, двете жолчки и растопениот путер, па добиената смеса измешајте ја со првата смеса со брашното. Матете додека не добиете воедначена смеса. Посебно изматете ги белките за да добиете цврст снег и заедно со боровинките постепено додавајте ги на основната смеса.

Намачкајте ја со масло тавата за мафини и потоа со лажичка додавајте од смесата во секоја чашка од тавата, но не полнете до врв, туку малку над половината. Печете 15 минути во загреаната рерна, потоа извадете ги и посипете го секој мафин со малку млеко и шеќер во прав. Вратете ги назад во рерната и печете ги уште 5-10 минути, додека мафините не добијат златна боја. Оставете ги да се оладат десетина минути па потоа извадете ги од тавата за мафини.

Извор: nerissa’s ring


Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button