Реклама
MAMAРецепти

Мафини со јагоди: Меки како сунѓер, а со незаборавен вкус (Рецепт)

Реклама

Денес ви прикажуваме еден едноставен рецепт за десерт во кој ќе ужива целото ваше семејство.

ФОТО: betticrocker.com

Потребни состојки:

  • 180 грама брашно
  • 150 грама шеќер
  • Половина лажичка сол
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 80 милилитри сончогледово масло
  • 1 јајце
  • 120 милилитри млеко
  • 180 грама насечкани јагоди

Потребни состојки за глазура:

  • 120 грама шеќер во прав
  • 2 лажички млеко

Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови, а потоа подмачкајте го со путер калапот за мафини. Во еден сад измешајте брашно, шеќер, сол и прашок за пециво, па оставете ја смесата на страна. Зејтинот, јајцето и млекото измешајте ги во друг сад, а потоа додајте ги во првиот сад со брашно, па сето тоа добро промешајте го.

Кога ќе се соединат сите состојки, промашјте и додајте ги јагодите, па добро промешајте повторно. Ставете го тестото во калапот за мафини и печете околу 12 до 14 минути. Кога ќе се испечат, оставете ги малку да се оладат пред да ги извадите. Во мал сад измешајте шеќер во прав и млеко, додека не исчезнат грутчињата. Кога ќе се оладат мафините, лесно премачкајте ги со глазурата и уживајте во нивниот неверојатен вкус.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button