Мадона глуми „очајна“ домаќинка
Кралицата на поп музиката доби многу негативни коментари кога на социјалните мрежи објави фотографија на која што е во нагиздано издание, а под неа напиша дека оди да го среди тоалетот.
Таа со фотографиите ги испровоцира корисниците на социјалните мрежи, па многумина ја обвинија дека не знае каде и се наоѓаат средствата за чистење.
Фотографиите на кои Мадона е облечена во мрежести чорапи, црн фустан и накит и на кои се гледа како клечи во тоалетот и се држи за цевките беа објавени на нејзиниот профил на Инстаграм. Таа под фотографијата напиша дека спиела само 4 часа и пред да оди во студиото да снима, морала да го исчисти купатилото. Со оваа порака таа предизвика многу негативни коментари:
„Кого ти залажуваш.. Па ти сигурно не знаеш ни каде ти стојат крпите и средството за чистење во твојот сопствен дом“, беше еден од коментарите.