Диети

Лунарна диета – минус 3 кг за еден ден!

Реклама
Реклама

Лунарната диета или диетата според фазите на месечината е стар и многу познат метод за прочистување на организмот со кој можат да се загубат дури до 3 килограми дневно!

Маркетинг

Главниот принцип на диетата е воздржување од храна во траење од 24 часа за време на млада месечина. Исто така има и многу тврдења како и докази и дека и постот за време на полна месечина дава одредени резултати, но сепак не како постот за време на младата месечина.

Диетата започнува во моментот кога месечината влегува во нова фаза, односно во фаза на млада месечина и трае 24 часа од тој момент. За точното време (според Централно Европско време) погледнете ја табелата подолу. Значи, во јуни, диетата започнува на 8 јуни во 17 часот 57 минути и трае точно 24 часа, односно до 9 јуни, до 17 часот и 57 минути.

Маркетинг

За време на диетата треба само да се пијат течности и тоа најдобро обична вода или растителни чаеви, без шеќер, мед или вештачки засладувачи. Може да се пие и свежо исцеден сок од овошје и зеленчук, без никакви додатоци. Алкохол и млеко се строго забранети, како и секаква цврста храна. Дневно треба да се внесат 3 до 4 литри течност.

Во текот на 24-те часа на диетата се препорачуваат и лесни вежби и шетање кои ќе помогнат во топењето на килограмите и прочистувањето на организмот.

Доколку ги почитувате наведените правила за 24 часа би требало да загубите до 3 килограми.

По завршувањето диетата, односно еднодневниот пост, обидете се да се храните поумерено и со полесна храна. Следниот месец можете пак да ја повторите диетата. Ова е одличен начин без преголеми напори и одрекувања да се ослободите од вишокот килограми за неколку месеци.

Табела на млада месечина за 2013 година

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button