Реклама
Култура[тор]

Ловец на змејови

Реклама

Овој неверојатно силен дебитантски роман раскажува за жестоката крутост на општеството и човечкиот живот.

Обете го менуваат животот на Амир, млад и богат проповедник што созрева во последните мирни денови на неговиот Авганистан, пред револуцијата и упадот на руската војска… но, политичките настани, дури и оние најдраматичните како и оние прикажани во „Ловец на змејови“ се само дел од оваа приказна…

Маркетинг

Амир, нараторот на книгата, на почетокот нѝ ги објаснува неговите случки, соништата и созревањето во Кабул, Авганистан. Тој не сонува сам. Никогаш…со него е неговиот најверен другар, близок како брат, син на слуга – Хасан.

Маркетинг

Нивните момчешки денови се идилични, поминати во летање змејови и сонување со отворени очи под јаболкницата за тоа што носи иднината…Aмир полека низ пишаните зборови од богато дете со чисти мисли и душа, станува возрасна личност која мора да мине низ војната…мизеријата и сиромаштијата за да се ослободи од еден белег на душата…

Калед Хосеини ни дава една жива и животна приказна која нè потсетува за тоа како неговиот народ се обидуваа да триумфира над силите на насилство…

Читајќи ја оваа моќна книга… без лажни украси, читаме за семејството и пријателите, предавството…спасението. Одредени делови се сурови и тешки, а сепак тоа е книга која зрачи. Не постои никој кој е толку храбар кој нема да ги пушти солзите да леат врз страниците на овој роман.

Ловец на змејови во 2007 година стана дел од големото филмско платно. Режисерот Дејвид Бињов преку камерата ја раскажа приказната за Амир и неговиот слуга, другар, брат Хасан. Филмот имаше одлична оценка од страна на филмските критичари.

Имате да одберете КНИГА ИЛИ ФИЛМ за да го запознаете ова далечно авганистанско општество и да ја доживеете оваа навистина трогателна приказна!

alt

alt

{youtube}HW7aGiuKZaU{/youtube}

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Поврзано

Back to top button