Огласи
Дијаспора

Лоши вести за Македонците кои живеат во Германија – има нови правила, казните до 2.500 евра

advertisement

Материите што не припаѓаат во биоотпад вклучуваат пластика и амбалажа како што се пластични кеси, прибор за јадење, прибор за за еднократна употреба, капсули за кафе и саксии со цвеќиња и растенија.

Новата регулатива за отпадот стапува на сила во Германија во мај. Имено, целта е да се намали процентот на туѓи материи во биолошкиот отпад, а оние кои нема да ги почитуваат новите правила би можеле да се соочат со високи казни, пренесува магазинот „Феникс“.

пекселс

Биоотпадот содржи вредна органска материја која може да се преработи во биогас. Сепак, отпадните материјали кои не припаѓаат таму, како пластика, стакло или метал, често завршуваат во корпата за биолошки отпад.

реклама

Таквиот материјал тешко се одвојува и, во најлош случај, органскиот отпад може да го направи неупотреблив, па дури и штетен за животната средина. Новата регулатива, која стапува на сила на 1 мај, носи промени во собирањето на отпадот, кое оттогаш ќе смее да содржи само 1 процент туѓи материи.

Компаниите за отстранување отпад мора построго да ги контролираат кантите за биоотпад за контаминација, вклучително и користење сензори на возилата за собирање отпад, а кантите со висока содржина на туѓи материи нема да се празнат.

пекселс

Доколку кантата не се испразни бидејќи содржи повеќе од 3 отсто туѓи материи, сопственикот мора да го одвои отпадот и правилно да го одлага, што е и мотивација за подобро сепарирање на отпадот. Понатаму, доколку кантите се оставаат полни подолго време, што може да предизвика многу непријатни мириси во текот на летните месеци, сопствениците се соочуваат со казна и до 2.500 евра.

Марpкетинг

advert
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

Back to top button