Конечно убави вести за нашите во Германија – цената на електричната енергија наскоро ќе се намалува?
Новата министерка Катерина Рајхе најави намалување на даноците за електрична енергија

Нова влада, нови ветувања…
Неодамнешниот прекин на струја во Шпанија покажа колку се важни електраните на гас, вели новата министерка.
Германија треба да забрза со изградба на термоелектрани на плин за да осигура сигурна извори на енергија кога обновливите извори не се достапни, изјави новата германска министерка за економија, Катерина Рајхе, која е дел од новата влада на Мерц.
„Потребни ни се што поскоро, флексибилни електрани на плин кои можат да не снабдуваат со енергија кога нема да има ветер и сонце“, изјави Рајхе на самитот Лудвиг Ерхард во Баварска три дена откако ја презема министерската должност.
Како што појаснува, во план е што поскоро да се распишат јавни тендери за електрани на плин со минимален капацитет од 20 гигавати како би можеле да ја сочуваат енергетската сигурност.
Како што вели министерката, неодамнешниот прекин на струја во Шпанија покажа колку се важни електраните на гас.
Но за нивната изградба да биде профитабилна, потребни се „долгорочни договори за снабдување со гас“ и реален поглед на енергетската транзиција, тврди Рајхе.
Фото: Фрипик
Намалување на даноците
За да ја заживее економијата, новата влада ќе се справи и со цените на струјата, така што ќе ги намали даноците за електрична енергија и даноците за складирање на гас, но и што побрзо да ги одредат цените на електрична енергија за индустриските потрошувачи.
„Сепак, морам да нагласам дека тоа ќе биде исклучително тешко да се постигне во Европа“, посочи новата министерка по економија.
Рајхе ја отфрли можноста за враќање на нуклеарната енергија и покрај тоа што ЦДУ и ЦСУ се залагаа за таков потег во предизборната кампања.
Таа исто така нагласи дека треба што поскоро да се склучат нови договори за слободна трговија, со оглед на извозната ориентација на германската економија.
„Тоа значи дека треба да склучиме релевантни договори за слободна трговија со Чиле, Индија, Австралија и Мексико, вели Рајхе истовремено потенцирајќи дека им се потребни и Соединетите Американски Држави.
Која е Катерина Рајхе?
Како што пишува Дојче веле, нова министерка за економија Катерина Рајхе е политичарката од ЦДУ и успешна менаџерка.
Номинацијата на оваа 51-годишна жена на оваа позиција е изненадување. Во 1998 година, на 25-годишна возраст, таа влезе во Бундестагот, на кој припаѓаше до 2015 година.
Таа беше парламентарен државен секретар седум години, а беше и член на сојузното претседателство на ЦДУ.
По потекло од источногерманската покраина Бранденбург, важи за самоуверена и амбициозна личност – и има добри врски.
Од 2005 до 2009 година, Рајхе беше заменик-претседателка на пратеничката група на Унијата. Таа се залагаше за изградба на нови нуклеарни централи и предупреди дека Германија не смее свесно да влезе во енергетска криза.