Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Личности од збор – кога нешто ќе ветат, Јарците тоа и ќе го исполнат

Реклама

Јарците се земјен хороскопски знак кој секогаш е со нозете на земја. Сака да започнува работи, но секогаш до себе има некој на кој може да се потпре за да ги оствари своите цели.

ФОТО: unsplash.com

Јарците се упорни и амбициозни и кога нешто ќе зацртат, тоа мора да и го остварат. Не поднесуваат несериозност и не работат со такви соработници. Кога на работа имаат некои потешкотии, преминуваат преку секоја препрека, затоа што не е во нивниот карактер да се откажат. За нив откажувањето е пораз.

Јарците се личности од збор и на нив секогаш можете да се потпрете. Тука се за своите пријатели и никогаш не ги изневеруваат другите. Кога нешто ќе ветат – тоа и ќе го исполнат. Секогаш се тука, и кога е тешко и кога е убаво. Во суштина имаат мал број пријатели, но тоа се пријатели за цел живот. Сакаат долги врски и никогаш не помислуваат да го изневерат партнерот/партнерката. Понекогаш изгледа како врската да им е работа или некој проект. Не сакаат да дават лажна надеж, но и не толерираат ако некој се однесува неодлучно. Многу се посветени и сакаат сериозност, како во врската, така и во бракот.

Маркетинг

Јарците имаат свои планови до кои принципиелно се придржуваат и сакаат се’ да им биде навремено завршено. Многу се одговорни и вредни, а и лесно доаѓаат до решенија за сите проблеми. Успеваат да им помогнат на колегите, па затоа најчесто се на позиција на надредени. Речиси никогаш не доцнат на работа.

 

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button