Рецепти
Летна салата од краставица и лук

Најпрво треба краставиците добро да се измијат, а доколку се млади не мора да им ја отстрануваме кората и неизлупени ги сецкаме на тенки кругови.
Лукот го чистиме, го сечеме на мали парчиња и потоа го толчиме во сад, а потоа го преливаме со вода. Од краставиците ја цедиме водата и потоа ги ставаме во сад за салата. Ги солиме со бела сол, масло, сок од лимон и на крај го додаваме исцедениот лук. Сето тоа го мешаме. На крајот салатата се украсува со мерудија (Нане).
Потребни состојки: 4 краставици |
Види ја нашата нова WELCOME страница на Facebook.
Врати се на првата страна.