Реклама
Хороскоп

Кој е вашиот идеaлен летен викенд според хороскопскиот знак

Реклама

letenvikend1

Ако помеѓу саботата и неделата нема долги жешки ноќи, ништо од идеалниот викенд за Скорпиите. Саботното попладне со задоволство ќе го помине со пријателите, вечерта на еротско кабаре со партнерот. А потоа следи… појадок во кревет во недела на пладне, зарем не?

Спортски настроените Стрелци би дале се за сплаварење, возење кајак, сурфање на ветер и падобранство. Ним им одговара авантура која ги тестира нивните физички граници, но и менталните – па помудрите меѓу нив ќе одберат дводневен семинар за тема што ги интересира. Трките, разни инвенти и кампирањето се некои од активностите во кои Стрелците ќе уживаат.

Маркетинг

Близнакот сака да се врати во младоста па со група на весели пријатели повеќе сака да отиде на концерт на омилениот бенд после што следи лудо ноќно возење во кабриолет, играње на дожд и чекање на мугрите во пијано – среќно – уморно издание. Близнаците со задоволство ќе отидат и на пат во некоја друга земја каде што ќе комуницираат со локалните жители, ако треба со раце и нозе.

Овенот не сака досадни , Близнакот бавни, а Рибите непостојани луѓе – дознајте кои работи ги лутат хороскопксите знаци?>>>

Маркетинг

На Лавот идеалниот викенд му е секогаш поврзан со летото- провод или продолжена забава на некој брод на морската шир со многу јадење, пијалак и добри „парчиња“. Преку ден ќе има доволно енергија за скијање на вода или возење со глисер, а би било пожелно тоа да го сними и телевизија и да го прикаже во ударен термин за да му завидуваат сите познаници.

Јарецот е повеќе зимски тип – викенд во планинска куќичка на идиличен алпски врв (било во лето или во зима) е по негов вкус. Но, тие сакаат и да патуваат, а кога е веќе така, сакаат да видат што повеќе – па ако станува збор за вашиот партнер бидете подготвени на ригорозен распоред и часови и часови пешачење.

Водолијата ретко кога мисли на себе кога размислува за идеален викенд, тие повеќе би сакале да ги спасуваат шумите, да демонстрираат против нуклеарните централи, да им помагаат на делфините… За тие два дена барем малку би се обиделе да го изменат светот. Но, ако тоа не им е опција – со задоволство би отпатувале на фестивал на отворено или би пробале некоја активност која до сега не ја пробале.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2

Поврзано

Back to top button