Реклама
BEAUTYНега и здравје

Лешник – вкусен плод богат со витамини

Реклама

Благодарение на својата голема популарност во светот, лешникот е застапен во многу рецепти и производи. Покрај бадемите, лешникот е плод кој содржи најмногу витамин Е, кој штити од слободни радикали и придонесува за здравјето на целиот организам.

Диетални влакна

Лешникот е добар извор на диетални влакна. Имено, 100 грама лешници содржат 10 грама диетални влакна, што е дури 39% од дневно препорачаната количина. Лешниците се добар избор за зајакнување на имунитетот, посебно кај децата.

Витамин Е

Благодарејќи на високото ниво на витамин Е, лешниците се дори антиоксиданси кои помагаат во борбата против слободните радикали, ги намалуваат знаците на стареење и го зајакнуваат имунитетот. Интересно е тоа дека лешникот содржи и значително ниво на фолна киселина, која обично ја наоѓаме во зелениот лиснат зеленчук, но многу лесно се уништува со термичка обработка.

Маркетинг

Користи од јадењето лешници:

  • Спречува кардиоваскуларни болести
  • Го намалува ризикот од настанување тумор
  • Помага во борбата против слободни радикали
  • Го намалува лошиот холестерол
  • Го зајакнува имунитетот
  • Помага при здрав развој на фетусот

 

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button