Реклама
Култура[тор]

Leonard Cohen издава нов албум

Реклама

После осум години пауза од снимање, излегува новиот студиски албум на омилениот автор на сите романтичари/ки.

Маркетинг

Во десет песни на новиот албум именуван како “Old Ideas”, Cohen поетски ги обработува некои од есенцијалните дилеми врзани со човековиот живот – односот кон трансцеденталното битие, љубовта, сексуалноста, губењето и смртта.

Самото снимање на албумот започна во Јануари 2011, но на многу песни и текстови авторот има работено со години. Две песни од албумот, The Darkness и Lullaby, прв пат се снимени во 2007 година, па така почетните верзии се изведувани во живо, во текот на неодамнешната завршена – и комплетно распродадена – светска турнеја.

Маркетинг

alt

На овој албум Leonard Cohen соработуваше со продуцентите Patrick Leonard, Anjani Thomas, Ed Sanders и Dino Soldom. Препознатливиот баритон на Cohen го надополнија извонредните вокали на Dana Glover, Sharon Robinson, The Webb Sisters (Hattie и Charley Webb) и Jennifer Warnes.

Албумот излегува во продажба на 31 Јануари 2012 година, во издабие на Columbia Records/Menart. Еве една песна, но изведена во живо, односно не станува збор за студиска снимка од албумот.
 
{youtube}sP2py3urF-I{/youtube}

Закачи Like, сподели текст и освој некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разгледајте го Shopping Magazine преку Facebook.

Врати се на прва страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button