Реклама
Нега и здравје

Лекување со традиционалната кинеска медицина

Реклама

Од денес, во соработка со Јован Коцев, дипломиран кинезитерапевт и акупунктурист, ќе објавуваме текстови поврзани со традиционалната кинеска медицина и акупунктурата.

Маркетинг

Како вовед во она што ќе следува во наредниот период, ќе започнеме со еден карток преглед на сето она што опфаќа и што претставува кинеската медицина.

Што е кинеската медицина?

Во историскиот развој на кинеската традиционална медицина се развиле четири начини за профилактика и лекување на заболувањата. Тие се следниве:

Маркетинг

– Акупунктура, акупресура, моксирање и веднузи
– Мануална терапија и масажи
– Лекување со блики (чаеви)
– Специјална гимнастика за генерирање на енергијата ’’ЦИ’’

Уште од древните времиња па до ден денешен комбинацијата на овие четири методи во кинеската медицина успешно се употребува за намалување на болката, лекување на внатрешните органи, благопријатно дејство кај невролошки, хронични и ортопедски заболувања, како и балансирање на енергијата, како кај човекот така и кај животните.

Што е акупунтурата?

Акупунктурата претставува вметнување на исклучително тенки игли преку кожата во стратешките точки на човековото тело. Како клучна компонента на традиционалната кинеска медицина, акупунктурата најчесто се користи за лекување на болка и функционални заболувања.

Акупресура

Акупресурата е масажа на определени точки на човековото тело. Се изведува со округли движења во правецот на стрелката на часовникот и определен притисок врз самата точка. Времетраењето на обработување на една точка е од неколку секунди до неколку минути.

Моксирање

Моксирањето е метод на затоплување кој се изведува преку директен контакт со самата игла или директен или индиректен контакт со кожата на определени точки по должина на меридијаните и зазема значајно место во лекувањето на хронични заболувања.

Вендузи

Вендузите се друга форма на терапија која што се користи во кинеската медицина. Со помош на овој метод се стимулираат акупунктурните точки со вакуум предизвикан од метална, дрвена или стаклена вендуза, со цел на постигнување зголемена крвна и/или лимфна циркулација.

За разлика од древните учители кои користеле вендузи изработени од бамбусово дрво, денес вендузите претставуваат стаклени чаши кои се аплицираат на кожата со помош на вакуум и се стават на големи и мали мускулни групи. Вакуумот предизвикува локална конгестија на ткивата, локална крвна стаза и хиперемија ” ex vacuo”.

Вендузите најчесто се применуваат кај артрозни заболувања и артрити во лумбалниот предел (половината), болки во екстремитетите (рацете и нозете), т.е хронични болни синдроми, ревматска генеза, повреди на меките ткива (рскавец и лигаменти), парализа, астма, бронхит и и т.н.

Традиционалната кинеска медицина и акупунктурата

Традиционалната кинеска медицина (ТСМ) ја објаснува акупунктурата како техника за урамнотежување на протокот на енергија (ИН и ЈАН) или силата на животот познат како ’’ЦИ’’ или “QI” или QHI (CHEE).

Се верува дека енергијата ’’ЦИ’’ тече низ патиштата познати како (меридијани) во нашето тело. Со вметнување на игли во одредени точки долж овие меридијани и со стимулација на рецепторите и на пропреорецепторите во мусклите и меките ткива се постигнува баланс на Ин и Јан енергијата.

Мануелна терапија и масажи

Мануелната терапија и масажите помагаат за еластичноста на меките ткива, преовладување на контрактури и обем на движење, преовладување на мускулен тонус и општо релаксирачко дејство врз човечкиот организам.

Некои од основните видови на кинески масажи се: профиклактична масажа, водење на енергијата ’’ци’’ преку масажа, масажа по временските циклуси, масажа во проекциона област на внатрешните органи, детски масажи, спортски масажи, смирувачки (релаксирачки) масажи, масажа со стапала и рефлекторна масажа.

Лекување со билки

Лекувањето со билки е еден од многуте важни методи во терапијата за лекување на одредени заболувања. За справување со одредени заболувања древните учители приготвувале чаеви од растенија, користејќи ги нивните корени, плодови и стебла. На пример од корените на одредени растенија се приготвуваат чаеви за заболувања на бубрезите, од стеблото на растенијата се подготвуваат чаеви за црн дроб, желудник и слезинка, од плодовите на растенијата се приготвуваат чаеви за бели дробови и срце.

Уште од стари времиња особено значење се придавало и на специјалната гимнастика. Стремежот кон здравје и хармонија со природата неопходно вклучува определени движења, физички вежби, самомасажа и тренирање на психата.

Денес благодарение на овие методи можеме да постигнеме пријатен баланс на енергијата и хармонија со природата и здравјето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button