Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Лав, Рак, Стрелец – толку се мрзеливи што едвај стануваат од кревет!

Реклама

Сите понекогаш сакаме да се излежуваме и да заборавиме на обврските, но, се чини дека на Лавовите, Раковите и Стрелците тоа им се случува доста често.

ФОТО: xenlife.com.au

Лав

Овие личности се сметаат за креативни, талентирани и сакаат да бидат во центарот на вниманието. Но, не сакаат тешка работа која им стои на патот до успехот. Мрзливоста е една од најголемите слабости на овој хороскопски знак. Секако, Лавовите се полни со страст и имаат високи цели, но, честопати им недостасува мотивација за да продолжат понатаму.

Рак

Можеби ќе ве изненади тоа што борбените Ракови спаѓаат во оваа група на мрзливци, но, тие иако се страствени и сакаат да го менуваат светот, не се склони кон тоа целосно да ѝ се препуштат на работата за да ги постигнат своите цели. За тоа најверојатно придонесува фактот што не сакаат да се наоѓаат во досадни и ситуации кои им ја црпат енергијата.

Маркетинг

Стрелец

На Стрелците во животот најважна им е слободата, а точноста, упорноста и посветеноста на работата не им се најјаки страни. Роковите и напорната работа им задаваат чувство на заробеност. Имаат големи идеи и желби да се докажуваат, но, не е реткост на себе да преземат повеќе обврски отколку што на крајот се спремни да ги завршат.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button