Реклама
Култура[тор]

Македонската гордост Мизар и словенечките легенди Лајбах на една сцена

Реклама

На 17 ноември во Скопскиот саем ќе се случи еден навистина импозантен настан за сите музички сладокусци во земјава.

Маркетинг

Станува збор за концерт на култните Лајбах од Словенија, кои во Скопје доаѓаат во рамките на нивната светска турнеја „Доаѓаме во мир“. Концертот ќе започне со македонскиот бенд Мизар, а ќе заврши со еден од најпопуларните и најдобри диџеи во Македонија, диџејот Мирко Попов од „ПМГ рекордингс“.

Легендарните Лајбах (Laibach) ја започнаа својата кариера на почетокот на 80-те години во словенското гратче Трбовље, каде со одреден број на млади луѓе го покренаа овој култен проект. Во ’82 година го прават нивниот прв концерт, а потоа следуваат и свирки во Загреб и Белград. Но, веќе во 1983 година, започнуваат и нивните проблеми, кога по гостување во една политичка емисија, следува забрана за нивни настапи како и користење на името Laibach во внатрешноста на тогашната Југославија. Но, ова секако дека не значи и крај за нивната кариера, туку еден нов почеток кој ќе биде крунисан во ’87 година со албумот „Опус Деи“ и тоа за Мјут Рекордс, издавачката куќа за која што издаваат бендови како Депеш Мод.

Маркетинг

{youtube}PIVgRGsRvdQ{/youtube}

Инаку, за овој бенд постојат бројни контроверзии, најмногу поради нивниот специфичен пристап кон музиката и поради карактеристичните сценски настапи, но Милан Фрас, пејачот на бендот,  во врска со ова еднаш има изјавено  – „Ние сме фашисти токму онолку колку што и самиот Хитлер бил сликар“!

Овие два бенда, како и Мирко Попов, се симболи на младите и прогресивни луѓе, кои се бунтовни и кои постојано се во потрага по повисоките естетски вредности. Токму затоа оваа журка која што ќе се одржи на Скопски саем не треба да се пропушти, бидејќи една ваква култна „синестезија“ од звуци многу ретко се случува кај нас во Македонија!

{youtube}bmernq46E-8{/youtube}

Билетите за концертот се во продажба по цена од 500 денари на сите продажни места на www.mktickets.mk, а организатор на настанот е Спектаклум.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button