Реклама
Култура[тор]

Laibach – Bravo ( ’93)

Реклама

TV Slovenia
Режија
: Peter Vezjak

Маркетинг

За сите поклоници на музиката и идеологијата на Laibach, TV Slovenia уште во 1993 година сними еден одличен документарец, во кој е направен пресек на дотогашната кариера и дадено експозе на базичната идеја на овој словенечки бенд, кој надалеку и нависоко ги мине материјалните граници. Формирани во ’ 80 година, во рударското Трбовје, тие иманентно во себе го носат анти – гламурот, достоинството и моќта на отпорот и прикриената сила од внатре, онака суштинска и неизвалкана, продукт на тоталитарниот социјализам и уметноста која произлегува од него. Можеби судбината, а можеби тоа е само последица на некоја непозната причина, ги спои картите така да годината на нивното формирање и официјално промовирање, се вклопи со онаа на смртта на Јосип Броз Тито. Моменти кои го одбележаа неизбежниот почеток на распаѓањето и смртта на Југославија, токму поради она што самата власт и државна структура го крие длабоко во себе, од официјалните постапки и начини на водење и презентирање на истото во јавноста. Во тој момент се јавуваат и Laibach, па веќе во државата нема апсолутна моќ.

alt

Маркетинг

Тие се револуција која со себе не носи коренити промени во општото, туку во самата срж на идејата – ја прочистува истата од самозагаденоста! Се именуваат со Австро-Унгарското име за Љубљана – Laibach – кое што кај јавноста евоцира мрачни спомени. Кај нив тоа означува конкретна можност за постоење на исполитизирана уметност, која токму преку својот артистички стил на делување ќе доведе до коренити општествени промени во кој уметноста ќе стои на пиедесталот и во сржта на државното постоење. За нив се дебатира како дома, така и надвор – за употребата и јасната желба за примена на фундаментите и симболите на сталинизмот, фашизмот, воопшто на тоталитарните одлики. Тие на тоа велар дека: „ Уметноста е виша мисија која бара фанатизам, среќата лежи во тоталната негација на идентитетот, намерно одрекнување од личниот вкус у верувања, деперсонализација и жртва во идентификацијата во повисок систем, во колективното, идеологијата!

alt

За нив словенечкиот филозоф Славој Жижек објаснува дека сите други десидентички движења од тоа време го критикуваат режимот, велејќи дека е дволичен, со тоа што официјално се залага за неотуѓување на луѓето, а всушност е воден од една тотално отуѓена групација. Со самото давање самона критика на неговите вредности, тие движења несвесно ги прифаќааат таквите принципи и стануваат дел од истата таа целина. Но во случајот на Laibach, режимот си доби опонент со исти лик и форма како својата и на тој начин се најде во ситуација да губи и загуби!

alt

Документарецов е склопен токму во стилот и духот на Laibach – ја ежи кожата, исто како и слушањето на самата нивна музика. А тие дефинитивно се одраз на голем дел од филозофијата на Ниче и моќта која со себе ја носи. Нивната силина, врвна сурова естетика и етика, се чувствуваат одвнатре, во секоја нота, мелодија, употреба на текст со точно одредена намера. Во филмов е прикажано и нивното одење во Америка во ’88 год. и коментарот на тамошната публика на нивната уметност и идеологија. Оди музика од нивните албуми: “M.B.December 1984”;  “Opus Dei”; “Kapital”, спотови од истите и моменти од концерти.

Филм кој и тоа како ќе ги разгори страстите од идејата за чиста држава на уметници, која се протега далеку над граници на материјата. Секој љубител на Laibach, треба да го додаде на искуството на живеењето со нивната присутност во сопствената приказна.   

{youtube}07nBLTxTdpU{/youtube}

altРезервирано за „Филмаџии“!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button