Реклама
Култура[тор]

Lady Gaga започнува маратонската турнеја

Реклама

Lady Gaga работи на нејзиниот најамбициозен план до сега – рушење на рекорд – две годишна, 450 дневна турнеја. Па не е ни чудо што во новото видео има ’маки‘ во WC-то – должината и времето поминато на пат што ќе и следи, би направило секоја ѕвезда да почне да ’прска‘ со повици за пат до ’Венеција‘.

Таа си постави за цел да го урне рекородот на U2 за највносна и најдолга турнеја која некогаш се случила, со посета на секое ќоше во светот. Извори блиски до поп дивата изјавија: „Тимот на Gaga ги стави работите во движење и тоа во 5-та брзина. Тие имаат големи амбиции за исполнување, достигнување и надминување големи поп и рок евенти од музичката историја како оние на Michael Jackson, The Rolling Stones и U2.“

Маркетинг

alt

..сцени од нејзиното промо видео….

Маркетинг

„Таа планира да започне со Големиот потфат од Азија и Индија наредната година и од таму да продолжи да го освојува светот. Како и многу пати до сега, овој план Gaga го доби во сон. Затоа и таргетиташе 450 дати. Вакво нешто не било никогаш претходно сторено, но таа не мисли дека тоа е причина да не се проба“.

alt

Не знам за вас, но ова помалку ни наликува на муабетите за Хоши Амин (ако не знаете за која фаца станува збор, погледнете го неговиот биографски филм “The Last King Of Scotland”) или па како рецепт за во санаториум. Не знам кој друг се уште би сакал да биде на турнеја толку долга, но…

Таа признава дека веќе ги започнала подготовките за дизајнот на сцената, со помош на тимот кој ги создаде неверојатните Circus & Progress Live shows на Take That.

Нејзиното ново, 14 минутно видео за Marry The Night беше пуштено оваа недела. Но нема да има многу време да направи нешто слично такво во периодот  кој што и претстои во наредните години, доколку навистина ја започне самоубиствената турнеја.

alt

…во текот на тие 450 настапи, болничкиот кравет дефинитивно ќе и биде потребен…

Инаку самото видео е доста „загадено“, па така ако имате 10 годишна ќерка, не би било препорачливо да и го пушите да го гледа. Во него Gaga се разголува во кадата, шета наоколу со житарици по лицето кои недвосмислено потсеќаат на остатоци од фацијално ејакулирање и ’фантазира‘ за две медицински сестри.

На оваа тема, таа изјави: „Моето минато е незавршена слика и како уметник кој што го создава тоа дело, јас мора да ги пополнам тие дупки и да направам повторно да изгледа убаво“.

alt

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button