Вирално

Кристијан: На мојот помал брат Борче ќе му бидам донатор на коскена срцевина, но ни требаат пари за операција

Advertisement

Кристијан Јовановски на неговиот фејсбук-профил моли за помош за неговиот брат. Тој ќе биде донор на коскена срцевина, но им требаат пари за операција.

Advertisement

„Ова е мојот помал брат Борче. Тој има 16 години и боледува од Бета Таласемија (ретка генетска болест). Неговата состојба се влошува и итно мора да оди на операција (трансплантација на коскена срцевина) во странство. Јас ќе бидам неговиот донатор (со идентична совпадливост) но, на мене и на мојата фамилија ни е потребна огромна сума на пари за да се излечи и затоа без Вашата хуманост ние не можеме да го оствариме лекувањето. Со еден повик на следниве два броја Вие ќе донирате 100 ден. од еден повик а за нас ќе значи многу! Ве молам да му помогнеме на мојот брат и да му дадеме шанса за нов живот“ пишува Кристијан.

Денеска се оддржува хуманитарна акција со поставен штанд на кои ќе бидат изложени колачи приготвени од студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика -Скопје при Универзитет “Гоце Делчев”- Штип.

Штандот ќе биде поставен во околината на плоштадот во населба Автокоманда, општина Гази Баба, од 9 до 13 часот.

Advertisement

Извор: Republika.mk

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button