Вака се облекуваат девојките во Скопје: таа има 61 години и е во чекор со младите!
Некои сметаат дека стилот треба да ги следи годините, но некои дека на тоа поле треба да ги следите само своите желби.
Крис Џенер е од оваа втора категорија!
Мајката на сестрите од кланот Кардашијан-Џенер на една журка во Беверли хилс се појави во црно од глава до пети. Таа носеше црни панталони и црна проѕирна блуза од тантела под која и се познава градникот.
Проѕирната облека која го открива дел од градникот е во мода оваа сезона, но во нашиот град го носат само далеку помлади девојки.
Инаку, на журката се појави и нејзината ќерка Ким Кардашијан која исто така беше облечена во all black комбинација. Но за разлика од Крис, Ким на забавата се појави во панталони чизми кои се вистински хит меѓу трендсетерките.
Па која ви изгледа подобро во all black издание – мајката или ќерката?