Реклама
BEAUTYДиети

Кратка и ефикасна диета од Софија Лорен која ќе ви помогне да ја добиете посакуваната фигура

Реклама

Познатата италијанска актерна смета дека за одржување добра физичка кондиција, неопходно е да тренирате и еднаш во три месеци да го исчистите вашето тело. Остатокот од времето Софија Лорен препорачува да следите одреден принцип на исхрана.

Таа препорачува секојдневно да внесувате по неколку парчиња ананас, затоа што овој производ ефикасно ги согорува мастите. Не треба да користите масни сосеви на база на павлака и мајонез, туку истите да ги замените со некои ниско-калорични преливи, како што е сокот од лимон, оцет балсамико и други. Покрај тоа, Софија Лорен развила рецепт за коктел на база на јогурт кој помага при варењето и ја подобрува состојбата на кожата. Еве го нејзиниот рецепт:

Маркетинг

1 шолја јогурт помешајте го со 1 лажица пивски квасец. Oвој пијалак е многу вкусен и во комбинација со овошен јогурт и содржи малку калории. Консумирајте го еднаш дневно. Актерката практикува конвенционална исхрана – традиционална иалијанска кујна, при што не се откажува ниту од тестенини, сирење и морски плодови.

Таа препорачува да се придржувате до препорачаниот распоред на оброци и тоа во рок од три дена, при што оваа диета ќе ви помогне да изгубите од 1 до 3 килограми.

Маркетинг

Ден 1

Појадок: 1 варено јајце и 170 милилитри свежо цеден сок од портокал.

Ручек: Салата од зеленчук, 60 грама варено пилешко, едно парче ниско калорично сирење.

Вечера: 200 грама тестенини, салата од спанаќ со маслиново масло, едно јаболко.

Ден 2

Појадок: 100 грама житарки, млеко.

Ручек: 100 грама сирење, овошна салата.

Вечера: 200 грама тестенини, салата, една круша.

Ден 3

Појадок: Едно парче леб и едно парче полумасно сирење.

Ручек: 115 грама варено пилешко, зелена салата.

Вечера: 170 грама полумасно сирење, лазањи со салата од зеленчук, 2 праски.

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button