Креација во која нема да можете да престанете да гледате
Ново беспрекорно издание на шпанската кралица
Шпанската кралица го придружуваше својот сопруг на посетата на Сенегал каде повторно ги воодушеви сите со својот извонреден стил. Овој пат во прашање е мошне интересен фустан од познатата венецуелска модна креаторка Каролина Херера со необичен, апстрактен дезен на кој едноставно не можевме да останеме рамнодушни. Фустанот во моментов е на попуст од 2,390 на 999 долари, но прашање на време е кога ќе го снема и последното парче од продавниците. Конзервативниот крој на фустанот апсолутно се изгуби во приказната на впечатливиот дезен и ефектот што се создава од контрастот на виолетовата и зелената боја, а 45 годишната кралица целото издание го заокружи со елегантни високи потпетици од „Alicia“ (317 долари) и чанта од „Magrit Gabriela“ (352 долари) во нежна пудра нијанса.
Па, дали ви се допаѓа изборот на шпанската кралица?