Реклама
Култура[тор]

Крај на R.E.M.

Реклама

После 31 година заеднички настапи, активно делување и 15 студиски албуми, се распадна познатата американска група R.E.M., објавено е на службените страни на бендот.

Маркетинг

„Решивме да престанеме да бидеме бенд и да јa завршиме приказната наречена  R.E.M. Горди сме на сé што постигнавме и им се заблагодаруваме на сите кои ја почувствуваа нашата музика и кои уживале слушајќи не нас“, изјавија членовите на групата  Michael Stipe, Mike Mills и Peter Buck, додавајќи дека распадот е пријателски и како до одлуката било дојдено ’бидејќи е вистинско време‘.

„Вештината на одењето на забави е во знаењето кога треба да ја напуштите истата. Ние направивме нешто неверојатно. А сега едноставно од неа ќе си отидеме. Се надевам дека нашите обожаватели сваќаат дека ова не беше едноставна одлкуа за донесување. Но сé мора да заврши, а ние сакавме тоа да заврши сега, да го направиме истото на овој начин“, напишал на службената страна вокалистот Michael Stipe, додавајќи дека мора да се заблагодари на сите кои овие 31 година им помагале да бидат R.E.M.

Маркетинг

Басистот Mills исто така се обиде да ја објасни нивната одлука со зборовите: „Секогаш бевме бенд, група во правата смисла на зборот – како браќа. Нема несогласувања, напуштање, расправии преку адвокати, одлуката ја донесовме заеднички, сметајќи дека така е најдобро! Едноставно, ова е вистинското време за разделба“. R.E.M. e основана во 1980г. во Athens, Georgia и тогаш четврти член беше тапанарот Bill Berry, кој го има напуштено бендот во 1997г. Тие се едни од најзначајните групи на американската и светска alter-rock сцена од 80-тите и меѓу најуспешните ѕвезди на mainstream-от на 90-тите, најмногу благодарение на албумот “Out Of Time” од 1991, на кој се наоѓаат сингловите “Loosing my Religion”, “Shiny Happy People”. Последниот, петнаесети албум, “Collapse Into Now” го објавија во Април оваа година. На жалост ние во Македонија немавме можност во изминативе три декади да ги видиме кај нас, а најблиску нешто до нас беше во 2005г. кога настапија во Загреб. За потсетување ќе ставиме во овој пост еден од нивните најголеми хитови.

{youtube}1hKSYgOGtos{/youtube}

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button