Реклама
Холивуд

Вакви панталони обожаваат многу Македонки, но нејзините се НAJБEЗOБPAЗНИТЕ што сме ги виделе досега! (фото)

Реклама

Таа важи за најубавата жена на светот, но дали овој пат ја премина границата на пристојноста?

Фото: Инстаграм

Познатата манекенка, инфлуенсерка и поранешна Мис на Универзумот, Оливија Кулпо, важи за една од најубавите жени на светот. И оваа титула ја носи потполно заслужено.

Таа е една од оние среќни дами кои што и да облечат изгледаат одлично и на кои секое парче облека совршено им стои.

Маркетинг
Фото: Профимедиа

Впрочем тоа можеме да го видиме и од ова издание со кое познатата убавица се прошета по улиците на Малибу.

Имано, таа носеше по малку екстравагантно и безобразно издание со кое го привлече вниманието на случајните минувачи.

Убавата 28 годишна Американка се појави во црни кожни панталони, кои имаат необични отвори, со што го откри дел од својот беспрекорно мазен стомак.

Маркетинг
Фото: Профимедиа

Но како тоа да не беше доволно, па Оливија целото издание го заокружи со горен дел кој одвај го држеше нејзиното „деколте“ на место, а за „вамп“ ефектот допринесоа и црните сандали со високи потпетици.

Манекенката со ова издание привлече големо внимание бидејќи изгледа мошне провокативно, но воедно покажа и дека оваа дама што и да облече едноставно не може да погреши и повторно ќе изгледа сјајно.

Што мислите вие?

Како да носиме кожни панталони?

Неодоливите кожени панталони веќе одамна не се резервирани само за рокерските ѕвезди.

Тие веќе неколку сезони се must-have парче за многу дами кои го преферираат елегантниот стил, без разлика дали станува збор за тесни или широки модели, украсени со патентни, нитни и други детали или пак елегантни и класични модели кои можете да ги носите буквално во секоја пригода.

Кожените панталони се фетиш, како за девојките што сакаат да ги носат, така и за сите оние фраери што уживаат да ги гледаат девојките во кожени панталони и без проблем се вртат на улица по нив. Тие се шик, практични, па токму затоа и покрај бројните протести на ПЕТА тие се повторно во мода! Но, да се разбереме постојат кожени и „кожени“ панталони, хеланки и фармерки, па така доколку се придржувате на принципите дека не сакате да носите производи за кои некои животни морале да загинат, модната индустрија има подготвено прекрасни модели од вештачка кожа и за вас.

Од друга страна пак, доколку сметате дека кожените панталони можете да ги носите само во вечерни пригоди, тогаш повторно се лажете. Можете да ги носите од самрак до зори, и од изгрејсонце до зајдисонце, а се што треба да направите е да го изберете моделот кој стои добро на вашата фигура и кој ќе му ласка на вашето тело. Токму затоа за денес ги избравме добро познатите ѕвезди кои ќе ни послужат како инспирација (и водич!) како треба да ги носиме и ние моделите што ги имаме во нашите плакари. И ќе ви откриеме и една мала тајна кога се овие кул парчиња во прашање – кожените панталони може да ги носат сите, без разлика дали имаат тело како модел или не. Треба само да го изберете вистинскиот модел и да го носите правилно, односно да го комбинирате со вистинските парчиња. Како? Па погледнете во галеријата!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button