Реклама
Модни совети

Кожени панталони за жени – како да ги носиме оваа сезона?

Реклама

Денес сакаме да позборуваме малку за кожените панталони и да ви претставиме неколку интересни начини како да ги носите истите.

Па, главата горе и погледнете ги овие фантастични стилски комбинации од кои можете да позајмите по некој трик поради кој ќе изгледате како вистинска секс бомба. Но, прашањето е дали сте подготвени за тоа?

Маркетинг

Неодоливите кожени панталони веќе одамна не се резервирани само за рокерските ѕвезди.  Тие веќе неколку сезони се must-have парче и за многу дами кои го преферираат елегантниот стил, без разлика дали станува збор за тесни или широки модели, украсени со патентни, нитни и разно разни други детали, или пак елегантни и класични модели кои можете да ги носите буквално во секоја пригода. Погледнете како ги носат девојките како Кендал Џенер, Миранда Кер, Ријана и сл.

Маркетинг

#моденсовет

Ако сакате да изгледате едноставно и кежуал, заврзете ја маицата странично во долниот дел и носеше со еден пар skinny кожени панталони. Комплетирајте ја вашата комбинација со чанта која ќе ја носите префрлена преку рамениците (да, и овие чанти се во мода!) и еден пар секси високи потпетици.

Кожените панталони се фетиш, како за девојките што сакаат да ги носат, така и за сите оние фраери што уживаат да ги гледаат девојките во кожени панталони и без проблем се вртат на улица по нив. Тие се шик, практични, па токму затоа и покрај бројните протести на ПЕТА тие се повторно во мода! Но, да се разбереме постојат кожени и „кожени“ панталони, хеланки и фармерки, па така доколку се придржувате на принципите дека не сакате да носите производи за кои некои животни морале да загинат, модната индустрија има подготвено прекрасни модели од вештачка кожа и за вас.

Од друга страна пак, доколку сметате дека кожените панталони можете да ги носите само во вечерни пригоди, тогаш повторно се лажете. Можете да ги носите од самрак до зори, и од изгрејсонце до зајдисонце, а се што треба да направите е да го изберете моделот кој стои добро на вашата фигура и кој ќе му ласка на вашето тело. Токму затоа за денес ги избравме добро познатите ѕвезди кои ќе ни послужат како инспирација (и водич!) како треба да ги носиме и ние моделите што ги имаме во нашите плакари. И ќе ви откриеме и една мала тајна кога се овие кул парчиња во прашање  – кожените панталони може да ги носат сите, без разлика дали имаат тело како модел или не. Треба само да го изберете вистинскиот модел и да го носите правилно, односно да го комбинирате со вистинските парчиња. Како? Па погледнете во галеријата!

Па дури и да мислите дека ве прават подебела, изберете долга туника, кошула, маица или оверсајз џемпер и сокријте ги проблематичните делови.

Уште една работа која треба да ја знаете кај овие модели е тоа како да не изгледате екстремно секси во нив. Најдобро решение е да носите избалансирани комбинации. Имајте на ум дека веќе носите впечатливо парче во долниот дел, па затоа со вашата блуза, кошула или маица не треба да комплицирате премногу. Заборавете на впечатливи дезени во горниот дел и држете се до едноставните неутрални бои. И воопшто не плашете се да се облечете во црно од глава до пети. А кога ќе сакате да експериментирате, направете го тоа но внимавајте да не ги преминете границите.

Доколку пак сте една од оние кул девојки кои сакаат да се појават во кожни панталони и на работа, тоа би можело да биде вистински предизвик за вас. Но, на крајот на краиштата ништо не е невозможно нели? Пронајдете модел кој не е премногу широк, ниту пак претесен. Држете се до едноставните избалансирани, елегантни и по малку конзервативни комбинации.  Носете со сако, кошула, елегантни салонки и класична стејтмент чанта. Доколку времето го дозволува тоа, комбинирајте со ролка и капут кој е соодветен за деловниот стил.

Сепак, факт е дека со овие парчиња најлесно поминуваат девојките со манекенска градба, бидејќи тие се како создадени за нив и искрено им препорачуваме дека МОРААТ да се „поиграат“ со нив оваа сезона. Без разлика дали ќе ги комбинираат со кошула, туника, рамни чевли или високи потпетици – во овие модели овие девојки изгледаат уште поубаво и позаводливо.

Од друга страна пак, ако не можете да се пофалите со тело на манекенка, и не се чувствувате подготвена да скокнете во еден пар кожени панталони (иако ние се обидовме и направивме се што е во нашите можности за да ги промениме вашите предрасуди!) тогаш обидете барем со фармерки премачкани со восок кои изгледаат како да се од кожа. Едноставно фармерките ќе ги сокријат сите недостатоци на вашето тело, што можеби не е случај со кожените панталони за кои се плашите да не ги нагласат сите недостатоци на телото како и вишокот килограми.

Погледнете како тоа го прават овие девојки:

#моденсовет

Некои ги сакаат тоа жешко! Обидете се со сива проѕирна блуза под која ќе се гледа вашата маица. Изберете широк модел на кожени панталони или со ефект на кожа и комбинирајте со елегантни салонки.

#моденсовет

А што велите за една кимоно-јакна со ремен во темна нијанса и во комбинација со широки панталони и стејтмент високи потпетици? Не звучи така лошо, а и добро изгледа нели?

#моденсовет

Но некои пак, сакаат едноставни и слатки комбинации! Изберете тенка блуза во беж боја и комбинирајте со skinny сиви панталони и заокружете ја комбинацијата со „опасни“ кафеави чизми и ретро очила за сонце. Ако на ова додадете и стејтмент чанта вашата комбинација ќе биде совршена.

 

Па девојки, која е вашата добитна комбинација кога се овие кул парчиња во прашање?

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button