Како да се прошетате во костим за капење низ центарот на Скопје и сите да ви завидуваат
Сакате да ги освежите вашите летни изданија?
А зошто не пробате да го внесете шармот на едноделните костими за капење во вашиот стил и да изгледате шик како Алесандра Амбросио?!
Едноделните костими за капење се маст-хев за оваа сезона >>
Познатата бразилска манекенка е вистинска атракција каде и да се појави, постојано шетајќи се во совршени модни комбинации. Таа на промоцијата на новата колекција чевли XTI во Мадрид се појави без градник (во мода е braless) облечена во бело боди со ролка и длабоки маслинесто зелени панталони. Таа со оваа комбинација ни демонстрираше како преку лето наместо блуза или топ можете да носите боди или костим за капење и да изгледате шик.
Комбинацијата е заокружена со металик сандали со златни детали кои совршено се вклопија во ова неодоливо издание на манекенката.
Кои се најпопуларните костими за капење за ова лето >>
Што мислите вие?