Познатите сестри во зимско „кежуал“ издание
Кортни Кардашијан претпразничните денови ги поминува со полни гради. Таа уживаше со нејзините деца и помладата сестра Кендал, а вниманието ни го привлече со нејзиниот атрактивен стајлинг. Имено, Кортни на лизгалиштето се појави со Пенелопи (5) и синот Рејн (2) во црни кожени хеланки и црн „оверсајз“ џемпер додека нејзината сестра и една од најпознатите манекенки на денешницата, Кендал Џенер, носеше широка облека.
Кортни (38) која е мајка на три деца, Пенелопи, Мејсон и Рејн, летните месеци ги минуваше атрактивно, објавувајќи фотографии на социјалните мрежи во костими за капење, но очигледно дека знае како да го покаже својот сексапил и во студениот период.
Па, дали ви се допаѓа Кортни во ова издание?