Кортни Кардашијан се прошета во тесен фустан и без градник веднаш по роденденската забава на нејзината петгодишна ќеркичка!
Таа никогаш не се срами да го покаже своето тело
Така беше и во саботата кога Кортни Кардашијан ја зема својата петгодишна ќерка Пенелопе од нејзината роденденска забава. 38 годишната мама изгледаше мошне атрактивно додека се шеташе со својата ќеркичка која само еден ден претходно наполни пет години. Таа носеше тесен фустан во боја на мандарини, бели патики и црна бејзбол капа, додека нејзината ќеркичка носеше преубаво бело фустанче украсено со тантела и розови апостолки.
И ако подобро ги погледнете ќе забележите дека Кортни не носи градник под фустанот, но и дека нејзините нозе се во совршена форма. И сето тоа благодарение на вежбањето, но и на исхраната, а и од фотографиите гледаме дека наместо кафе и газирани сокови, пие смути.
Па, големо БРАВИО за оваа секси мама!
Извор: dailymail.co.uk