Вирално

Шокантна и контроверзна сцена од серијата „Пријатели“ која беше забранета во 90-тите!

Advertisement

Што имаат заедничко „Фамилија Марковски“ и хит серијата „Пријатели“?

Advertisement

Не постои човек што не изгледал барем една епизода од Пријатели. Станува збор за култна серија која беше хит во целиот свет. Постојат десет сезони кои беа снимани десетина години, а повеќето од нив и ден-денес можат да не насмеат, расплачат или едноставно да направат да се чувствувате убаво. Но дури сега е откриено дека постои една сцена која речиси во сите делови од светот беше забранета. Имено на сцената се гледа венчавка на лезбиски пар, нешто што во 90-тите беше шокантно и контроверзно. Имено, во серијата поранешната жена на Рос, Керол се омажи за својата партнерка на класичен обреден начин каков што познаваме. Тоа воедно беше и прва сцена од лезбиска венчавка која што некогаш е прикажана на телевизија!

Сцената во 1996 година беше забранувана дури и во делови од Америка, вклучувајќи го тука и Тексас и Охајо, а за останатиот дел од светот и да не зборуваме. Сцената беше исфрлена и од оригиналната верзија што се емитуваше во регионот, па голема е веројатноста сега да ја гледате прв пат. Инаку, деновиве во Македонија е мошна популарна македонската серија „Фамилијата Марковски“, во која во најновата епизода откриваме дека еден од главните јунаци е геј. Можеме само да претпоставиме што ќе се случеше ако оваа серија се снимаше пред 20-на години, во времето кога гледавме Пријатели наместо турски серии, и ако се емитуваше на некоја од телевизиите кои до вчера беа дел од пропагандната машинерија на власта.

Advertisement

{youtube}hlLno3iPKIE{/youtube}

Што мислите што ќе се случеше?

Па, најверојатно ништо!

Серијата ќе беше забранета, но ќе се отвореше дискусија за проблемите со LGBT заедницата, онака во целата држава, и најверојатно хомофобијата ќе беше многу помалку присутна во нашето општество. Но вака сега мораме да се лечиме од болестите што развиениот свет ги прележа одамна, наместо да решаваме и отвораме мноогу посериозни прашања.

{youtube}8A0mao-_hzQ{/youtube}

Но, така е тоа на Балканот, едно од најчудните места на оваа луда планета…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button