Вирално

Конфекциските броеви се бесмислени! Не ни верувате? Еве ви доказ

Advertisement

Дали некога ви се случило да имате проблем со бројките на облеката во различни продавници? Еве зошто не треба да се грижите заради тоа.

Advertisement

Дали знаевте дека Мерилин Монро носела конфекциски број 42? Во педесеттите години на минатиот век, оваа бројка се сметаше за разумна величина за манекенките. Воопшто не се сомневаме дека денес Мерилин би завршила како „плус-сајз“ модел и постојано би добивала бројни совети за диети и коригирање на исхраната.

Денес идеална бројка за фит дами е 38-ка. Но тука не е крајот на нашите маки, бидејќи бројките се разликуваат од продавница до продавница, па така во еден бренд ќе ве собере во 38-ка, додека во друга продавница ќе се мачите да влезете во 42-ка.

Advertisement

{youtube}7QwlT5f7H1c{/youtube}

Дион Ли репортерка од „Vox“, одлучи да проба како и стојат фармерки од различни брендови, Нејзината величина е 34, но во секоја продавница морала да земе различен конфекциски број. Па, дали се прашувате зошто е тоа така? Од многу едноставни причини – не можете секое женско тело да го ставите во ист калап, па дури и кога две жени носат иста бројка, нивните гради и колкови се различни, па она што на едната ќе и стои совршено, на другата ќе и преставува проблем бидејќи одвај ќе се вовлече во тој број. Затоа кога следниот пат нема да можете да влезете во сопствениот број, не грижете се, бидејќи не е до вас, туку до произведувачот.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button