Реклама
Култура[тор]

Концерт на Саша Ковачевиќ во предновогодишниот викенд

Реклама

Оваа сабота, на 29 Декември, ќе се одржи голем предновогодишен концерт на популарниот и атрактивен гостин од соседството, Саша Ковачевиќ!

Овој настан ќе се одржи во клубот Колосеум, кои со големо задоволство го најавуваат овој настан како голем предновогодишен спектакл, кој ќе ја подигне атмосферата и расположението на потребното ниво, две вечери пред прославата на најлудата ноќ во годината.

Маркетинг

Влезниците во претпродажба се пуштени од понеделников и истите можат да се набават во Југотон Рекордс (ГТЦ), Камарад Рамстор, Цвеќара Розе Веро 2 и Супер Тобако (ТЦ Лептокарија).

Цената на билетите во овие преостанати денови чини 300 денари, додека на вратата пред почетокот на концертот, истите ќе бидат 350 денари. А кога веќе ќе се најдете внатре, клубот Колосеум се грижи сé да биде во најдобар ред за вас и вашето расположение. Па така по повод и роденденот на Колосеум, со секој нарачан пијалок, добивате уште еден гратис – што ќе претставува роденденски поклон од клубот за неговите верни посетители.

Маркетинг

alt

Поврзано

Back to top button