Реклама
MAMAКафе муабет

Колку е навистина тешко да се биде модерна жена, мајка, сопруга?

Реклама

Кога гледаме фотографија од педесеттите или шеесеттите години, сликата изгледа идеално. Гледаме жена во чиста, за таа доба модерна куќа, дечиња кои си играат и задоволен сопруг кој доаѓа од работа и го става сакото на каучот. Сето тоа делува совршено. Но, сликата на СОВРЕМЕНАТА омажена жена, домакинка, мајка и работничка, е далеку од идеална.

ФОТО: canva.com

Ја нема веќе таа мода се’ „да биде под конец“, а ги нема ни тие фамозни фризури. Но, постојат некои работи кои современата жена ги има, додека нејзините претходнички можеле само да сонуваат. Таа денес има право на глас, право на рамномерно образование, право да стане мајка кога нејзе тоа ѝ одговара, но и право да стане шеф. Од неа не се очекува само да биде убава и да биде домакинка. Модерната жена не седи дома со скрстени раце, туку оди да ги земе децата од градинка по своето работно време. Задолжена е за ред во куќата, успех на работа, воспитување на децата, а ако умее да направи одличен ручек, па таа жена е незаменлива!

Но, сепак современата жена носи тежок товар. Да се има сопруг, деца, кариера и неколку верни пријатели е вистинско богатство, но како и со материјалното, така и со ова треба внимателно да се постапува. Кој кога треба да замине в училиште, кој оди на работа, кој ќе ги земе децата, која баба е слободна да ги чува, што треба да се однесе на работа, кога е кој состанок, како треба да се облече, кога да стигне кај фризер… Ова се навистина многу прашања, а модерната жена на нив треба да има одговор и огромна сила за се’ да постигне.

Маркетинг

Звучи како невозможна мисија, зар не?! Но, тоа е сепак секодјневие кое го прифаќаат милиони жени.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button