Холивуд

Познатиот маркет ја претстави колекцијата направена во соработка со Хајди Клум

Advertisement

Необична ревија на брендот Esmara by Heidi Klum

Advertisement

Пред неколку дена во Њујорк беше претставена најновата соработка на трговскиот ланец Lidl – Esmara by Heidi Klum. Заедно со уште 350 гости, меѓу кои беа Зак Посен, Нина Гарсија и Шон Рос, во #letswow продавницата на Лидл Хајди Клум за прв пат ги претстави сите 84 парчиња од оваа колекција. Таа секако за оваа пригода избра да носи фантастичен син костум од колекцијата „Esmara by Heidi Klum: Heidi & The City“. Станува збор за само еден од многубројните модели кои на 18 септември треба да пристигнат во продавниците на „Lidl“ низ целиот свет. Самата презентација не се одвиваше на класична модна писта. Трговскиот бренд одлучи тоа да го направи интерактивно зад кулисите на супермаркетот. Хајди и 35 модели ги претставија 84-те парчиња од оваа колекција, од леопард чизми преку бомбер јакни се до јакни од вистинска кожа. Сите парчиња од колекцијата ќе се продаваат по „нормални“ цени.

„Ова беше супер работа. Локација. Њујорк, Шоуто, гостите, едноставно сé одговараше совршено и беспрекорно. Јас сум многу горда на својата нова колекција. Конечно покажавме мода која и стои на секоја жена и која секоја жена може да ја носи. Јас сум пресреќна со ова што го постигнавме тука“, изјави отворено прекрасната Хајди.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button