Реклама
Хороскоп

Која музика ви одговара според хороскопскиот знак

Реклама

Хороскопскиот знак на кој му припаѓате кажува многу работи за вас. Тој го открива вашиот музички вкус, дали уживате во брзи или спори ритмови, балади, поп или хеви метал.

muzikazodiak1

Маркетинг

Овен

Овенот инспирацијата и задоволството го наоѓа во класичната музика, во композициите на Вагнер и Моцарт. Но онаа негова предводничка страна на личноста, ја исполнуваат ’посилни‘ звуци, хитови од Секс Пистолс и Ози Озборн.

Бик

Маркетинг

Овој земјен знак обожава поп и рок музика, ужива во нумерите од Битлси и Ролингстоунс. Бидејќи е голем љубител на телевизија, со задоволство слуша и музика со телевизиски серии, но и филмска музика, посебно онаа од научнофантастичните и авантуристички филмови.

Близнаци

На Близнаците им е најдрага музика од ’подамнешни‘ времиња, како што се љубовни песни од Френк Синатра, Дин Мартин, Том Џонс или Аба. Уживаат во музиката на Мајкл Џексон, а целата разноликост на нивниот музички вкус ја потврдува и тоа што сакаат музика од театарски претстави, посебно оние од Бродвеј.
 
Рак

Романтичниот Рак сака нежни тонови, песни од Селин Дион, Витни Хјустон и Кели Кларксон се идеални за него. Со задоволство се решава за музика која ќе го врати во минатото и во него ќе разбуди носталгија, како што се нумерите од Битлси.

muzikazodiak3

Лав

Лавот може по цел ден да слуша Пинк Флојд и Блек Сабат. Го инспирира страста од композициите на Вагнер, Бетовен и Рахмањинов. За Лавовите е важна драматичноста и живоста на музиката.
 
Девица

Девицата сака музика која делува смирувачки, па нималку не чуди што нејзин избор е Енија, Вивалди и Моцарт. Најдраги ú се звуците на виолината и флаутата. Девицата нема да ужива во музиката ако претходно не дознае нешто повеќе за неа, па затоа со задоволство ја проучува нејзината историја.

Вага

Знакот со кој владее Венера, планетата на љубовта ги бира композициите на Штраус, Фани Менделсон и Франц Шуберт. Нејзиниот вкус ги задоволува и музиката на Френк Синатра и Барбара Стрејсенд. За нејзината сентименталност одлична е кантри музиката, додека за Вагите, љубители на помодерен звук, најдобар избор е Ник Кејв.

Скорпија
   
На Скорпиите најблиски им се делата на композиторите на класична музика како Ерик Сати, Филип Глас. Џезот на Скорпијата ú нуди посебно задоволство и доживување, посебно нумерите на Арета Френклин или Нина Симон.

muzikazodiak2

Стрелец

Стрелецот обожава филмски музики. Прашајте ги стрелците дали им се допаѓа музиката од филмовите „Кил Бил“ и „Роден да убива“ и ќе ви одговорат дека ја обожаваат. За нив се резервирани и песните на Леонард Коен и Џони Кеш.

Јарец

Јарецот е голем обожавател на џезот и операта. На листата на нивни омилени пејачи се Брајан Фери и Том Вејтс. Ужива и во песни кои укажуваат на одредени социјални проблеми и кои во себе носат и други, а не само љубовни пораки.

Водолија

Водолијата обожава фузија од звуци, џез, електронска и акустична музика. Голем фан е на Дејвид Боуви, но и Морис Равел и „Електрик Лајт“ оркестар.

Риби

Рибите се страствени слушатели на Јохан Себастиан БАх. Уживаат во музика од различни култури, а блиска им е и средновековната музика. Она што во музиката го бараат, го пронаоѓаат и во песните на Џуди Гарланд.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button