Која е Наама Леви, девојката со македонско потекло ослободена од Хамас – според нејзиниот живот може да се сними филм
По 476 дена заробеништво во Појасот Газа, вчера Хамас ослободи четири израелски војници киднапирани за време на нападот на 7 октомври 2023 година: Лири Елбаг, 19, Наама Леви, 20, Даниела Гилбоа, 20 и Карина Ариев, 20 години.
Наама Леви (20) е родена во Израел, а израсната во Индија. Таа има македонско потекло. Таа е правнука на преживеаните од холокаустот од Полска, има двајца браќа и една сестра и е активистка е за мир.
На 7 октомври 2023 Наама беше киднапирана и тоа буквално извлечена од нејзиниот кревет од страна на палестинските членови на Хамас.
На ужасното видео што го виде целиот свет, можевме да видиме мажи без униформа како го слават нејзиното фаќање како трофеј и насилно ја влечат за нејзината прекрасна долга коса. Нама изгледаше исплашено и збунето, претепана и целата облеано во крв (откако била силувана неколку пати).
Нама Леви беше доделена во базата Нахал Оз само два дена пред 7 октомври 2023.
По нејзиното киднапирање никој не знаеше дали девојката е жива или не.
Според информациите испратени од членовите на семејството на девојчето, нејзината прабаба Грасија Бивас е родена во Македонија во 1893 година, во семејството на Хаим и Сара Бивас. Бабата како девојче околу 1900 година заминала во Израел каде со текот на годините создала семејство. Внуката Наама Леви е една од нејзините потомци.
Наама е и правнука на преживеани од Холокаустот и учествуваше во проектот „Раце на мирот“ во САД, работејќи за мир меѓу Израел и Палестинците.
View this post on Instagram