Кафе муабет

Кој ја глуми русокосата кучка и што носеше Ријана во најновото видео?

Advertisement

Најновото видео на Ријана предизвика вистински мал земјотрес на интернет откако се појави и веќе наголемо се дебатира дали и колку таа претера, дали е вулгарно и со многу сцени на насилство, или пак едноставно станува збор за уметност и шоу бизнис.

Advertisement

Она што сите неминовно го забележаа е поприлично експлицитната голотија (како на згодната русокоса манекенка која ја глуми кучката во видеото, така и на самата Ријана), потоа парите кои летаат на сите страни, многу крв на кожата на пејачката за која одамна се шушка дека е дел од некои сатанистички секти, како и премногу непотребно насилство, како врз мажите така и врз жените, кои заедно се веселат користејќи нелегални супстанци.

 

Advertisement

Vetements‘ Spring 2015 collection + lyana Sergeenko‘s Spring 2015 couture collection

Лошата Рири, и покрај тоа што е поприлично разголена во спотот, впрочем како и другите девојки (башка што сите се однесени со виорот и во облаците!), исто така се појавува и во бројни еклектични, стилски комбинации кои би можела да ги носи само таа.

Во продолжение погледнете еден мал дел од она што пејачката го носи во спотот, но притоа не заборавајте да се запрашате дали постои криминалец кој носи дизајнерски маици кога измачува некого, или пак, киднапер кој својата валкана работа ја врши во екстремно високи чизми и крзно, иако е во пустина?

 

Adam Selman‘s Spring Summer 2015 + Tom Ford‘s Fall Winter 2015

Но, кога станува збор за Ријана, сé е можно, нели?!

ОK, таа е „стилиш“ криминалец, но која е кучката?

Покрај Ријана големо внимание привлече и главната манекенка во видеото, односно моделот и актерка Рејчел Робертс, која инаку е лице на Next Management  и која во спотот го толкува ликот на кој лудата Ријана сака да и се одмазди.

Рејчел ја започна својата кариера во раните 90-ти појавувајќи се во кампањите на модните куќи Клои и Фенди, и соработувајќи со бројни модни магазини како Ел, Вог, Харперс Базар… На прашањето како е да се соработува со Ријана, таа одговори дека ѝпреставува голема чест што токму таа е избрана за ова видео:

„Целото видео го осмисли Ријана. Таа координираше, беше ко-режисер, а сама го направи и кастингот. Иако ја следи негативна репутација, таа е вистински професионалец и се фокусира само на работата. Досега не сум имала можност да учествувам во некој ваков проект во кој е вклучена маса луѓе и цела машинерија. Имаше хеликоптери, бродови, пукање, нуркање, давење, менување на локацијата, вистинско лудило…“

 

Wanda Nylon‘s Fall Winter 2015 collection + Maison Margiela Fall 2015

Maison Margiela‘s Fall 2015 collection + Vex Clothing

 

Christian Dior My Dior sunglasses ($340) + Stella McCartney‘s Fall Winter 2015 collection

Инаку, покрај Ријана и русокосата манекенка во видеото се појавува и култниот актер Мадс Микелсен кој го глумеше докторот Ханибал Лектор во истоимената серија, само што овој пат тој е жртвата во рацете на безмилосната Ријана.

Па без разлика дали сметате дека видеото е претерано и изобилува со насилство и крв, или пак со ова пејачката од Барбадос стана уште поголема кралица во вашите очи, едно е сигурно – а тоа е дека видеото е и повеќе од успешно бидејќи за само неколку дена имаше преку 8 милиони прегледи на Јутјуб.

{youtube}B3eAMGXFw1o{/youtube}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button