Реклама
Новости

Кои се шампионите во уметничко лизгање Евгенија Шишкова и Вадим Наумов кои биле на стравичниот лет на урнатиот авион – во потрага по подобар живот од Русија се преселиле во Америка (видео)

Шишкова и Наумов ги претставуваа репрезентациите на СССР и на Русија во уметничко лизгање во парови и станаа светски шампиони во 1994 година. Нивниот син Максим Наумов настапува за репрезентацијата на САД и го освои четвртото место на минатиот шампионат.

Реклама

Авион на Американ ерлајнс, со 60 патници и четворица членови на екипажот, слетувал на националниот аеродром „Роналд Реган“ Вашингтон, кога во воздух се судрил со воен хеликоптер „Блек Хок“ во кој се наоѓале тројца војници. Спасувачките напори во моментов се во тек во Вашингтон, а досега од реката се извлечени телата на 19 патници.

Сојузот на Американското уметничко лизгање потврди дека неколку членови на нивната уметничка заедница биле на летот, а државната руска новинска агенција ТАСС именува двајца поранешни светски шампиони како патници.

Управното тело за уметничко лизгање во САД потврди дека спортистите, тренерите и членови на семејствата биле на летот додека се враќале од припреми на Националниот развоен камп што се одржале  во врска со американското првенство во уметничко лизгање во Вичита, Канзас.

Маркетинг

Во соопштението се вели: „Ние сме уништени од оваа неискажлива трагедија, ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата и ќе објавиме повеќе информации кога ќе станат достапни“.

Се вели дека тренерите за лизгање на мраз Евгенија Шишкова и Вадим Наумов биле меѓу лизгачите на летот, според руските државни медиуми.

Маркетинг

Шишкова и Наумов се инаку, светски шампиони во уметничко лизгање во парови, кои се дел од руската репрезентација.

Прво руските медиуми објавија дека на летот со нив бил и нивниот син Максим, исто така млад шампион во уметничко лизгање, но потоа руската агенција Тас објави дека Максим се вратил дома со летот на 27 јануари.

Кои се Евгенија Шишкова и Вадим Наумов

Евгенија Шишкова, родена на 18 декември 1972 година во Ленинград, ја започнала својата спортска кариера на осумгодишна возраст, со уметничко лизгање во сингл.

Наскоро, на единаесетгодишна возраст, таа се префрлила на лизгање во парови. Вадим Наумов, исто така роден во Ленинград, е роден на 7 април 1969 година, а со уметничко лизгање започнал во 1979 година, односно на десетгодишна возраст.

Во 1995 година Шишкова и Наумов се венчале во Санкт Петербург. Откако не биле вклучени во рускиот олимписки тим во 1998 година, парот решил да го напушти професионалниот спорт.

Во 1998 година, Евгенија Шишкова и Вадим Наумов решиле да се преселат во Соединетите Американски Држави, каде што ја започнале својата тренерска кариера во Симсбери, Конектикат. Овој чекор бил значаен не само за нивниот личен живот, туку и за американското уметничко лизгање.

Едно од значајните достигнувања на Шишкова и Наумов на американско тло беше нивната соработка со двојката во уметничко лизгање Кетрин Оршер и Гарет Лукас. Во 2005 година станаа шампиони на САД.

Вадим Наумов ги сподели особеностите на работењето во САД во споредба со Русија: во Америка тренерите се соочуваат со потребата да работат не само со парови, туку и со сингл лизгачи. Во Соединетите Американски Држави, системот за обука на лизгачи е помалку централизиран, што бара тренерите да бидат пофлексибилни и способни да работат во различни услови.

На 1 август 2001 година, парот го добил синот Максим, кој исто така го избра патот на уметничко лизгање.

За време на едно од интервјуата, Максим Наумов сподели:

„Моите родители ме поддржуваат не само на мраз или на тренинг, туку и дома, во сите аспекти од животот. Ние функционираме како еден тим и секогаш работиме заедно. Нивното огромно знаење и искуство ме тера да се трудам да бидам подобар секој ден. Мојата главна цел е да го постигнам истото ниво на вештина како и моите родители“.

Спортскиот агент Ари Закарјан изјави за ТВ „Матч“ дека на овој лет биле повеќе претставници на руската школа за уметничко лизгање. Познато е дека на летот имало најмалку 14 лизгачи, не сметајќи ги тренерите.

Меѓу нив, освен шампионите Евгенија и Вадим, била и поранешната руска шампионка во уметничко лизгање Ина Вољанскаја која во последните години била ангажирана како главен тренер на Ашбурн Ајс хаус во Вирџинија.

Според „Матч“, повеќето од спортистите кои можеле да бидат во авионот што се урна во САД се деца на руски емигранти: тие учествувале на првенството на САД во 2025 година.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button