Нега и здравје

Моменти кога родителите се избезумени од своите мали деца

Advertisement

Не се сите моменти поминати со најламите весели и незаборавни. Понекогаш тие навистина знаат да бидат мали ѓаволчиња, особено ако станува збор за деца од една до три години.

Advertisement

Еве некои од оние моменти кога родителите се избезумени заради постапките на најмалите членови кои „по дифол“ секогаш се со најголеми барања во семејството.

Фаца за какање

Advertisement

Се случува во секакви моменти. Или токму што седнавте да го испиете кафенцето или само што сте го пресоблекле и сте му ставиле нови пелени и сакате да излезете на прошетка, кога на неговото лице го збележувате оној израз на сериозност и отсутност во исто време. А веќе е доцна и немате време да го направите тоа на нокширче… Следува благосостојба – но, за жал, тоа не се однесува на вас!

Каде се пелените?

Сигурно ви се случило да заборавите да го ставете кесенцето со пелени во ранецот , а ситуацијата станува крајно сериозна, односно слична како во претходниот пример. Е тогаш повторно следува онаа состојба на благосостојба – и тоа повторно, за жал, не се однесува на вас!

Момент на тишина

Овие моменти навистина се ретки кога се во прашање малите деца – и што е најстрашно од се – тогаш треба да знаете дека следува нешто навистина лошо – или со кредите ви црта на белите ѕидови или први некоја друга беља. Затоа секогаш кога е тивко НЕ заборавајте дека уживањето е слатко, ама трае кратко…

Сон од 10 минути во автомобил

Време е за спиење, а вие се уште не сте дома. Само што сте тргнале со авотомобилот и детенцето заспива. Тоа значи дека, за само 10 минути, односно кога ќе треба да го пренесете дома, тоа ќе се разбуди, а потоа ќе биде во лошо расположение и НЕМА да му се спие! Ни мир, ни тишина…

Шопинг

Па има ли нешто полошо од тоа да трчате по детето низ продавниците и да се обидувате да го возвратите од некоја луда намера да купи нешто крајно не полезно. Всушност, што воопшто барате во продавницата во која досега никогаш не сте стапнале? Ах, па да, тоа ви избега од рацете и се провна низ вратата!

Чистење по јадење

Па еве зошто децата се гладни на секои 0.5 секунди… – затоа што храната што ја јадат никогаш не завршува во нивната уста!

А кога дома нема грицки – нема ни мир!

Грицките за малите деца се нешто слично како гориво за автомобил. Особено во оние моменти кога сакате да ги оставите кај вашите родители (или на едниот негов родител!), па не знаете како да им киднете низ вратата.

Плачење по полноќ

Оваа ситуација скоро никогаш не е добра – тоа или значи дека на детето му е лошо или пак тоа е мистрериозно среќно и будно! А потоа тоа добива неотповиклива желба за играње и особено откако ќе забележи дека ви се спие тоа ќе добие некоја луда идеја… А на нивните лудории, едноставно им нема крај.. И тоа трае со часови се додека не треба да го носите во градинка, кога конечно ќе ви заспие!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button